Спорт
(Видео) Лејкерси во плејофот против Денвер, Голден Стејт ја заврши сезоната
Актуелните шампиони во НБА лигата го добија противникот во првата плеј-оф рунда. Тоа се Лос Анџелес Лејкерс, кои на плеј-ин турнирот во Западната конференција славеа против Њу Орлеанс Пеликанс со 110:106. Пеликанс за осмото место на Западот и дуел со Оклахома сити Тандер во првото коло ќе играат против Сакраменто Кингс. Сакраменто лесно се справи со Голден Стејт Вориорс со 118:94.
„Вечерва покажавме што можевме да направиме и офанзивно и дефанзивно“, рече Џејмс, чиј тим влегува во плејофот со 12 победи на последните 15 натпревари.
Џејмс натпреварот го заврши со 23 поени со девет асистенции и девет скока. Ентони Дејвис имаше 20 поени со 15 скока, а ДиАнџело Расел натпреварот го заврши со 21 поен.
Во меѓувреме, Пеликанс се наоѓаат на работ на елиминација бидејќи се загрижени за здравјето на најголемата ѕвезда. Зион Вилијамсон, поради повреда го напушти натпреварот на 3:19 минути до крајот. До тој момент беше најдобар на теренот со 40 поени и 11 скокови.
Сакраменто на домашен терен го победи Голден Стејт со 118:94 и им се одмазди за поразот на Вориорс во седмиот натпревар од плејоф серијата минатата сезона.
Голден Стејт не се ниту сенка на тимот кој изгради династија во периодот од 2015 до 2022 година. Дозволи премногу отворени шутеви, офанзивни скокови и си дозволи премногу загубени топки.
Харисон Барнс постигна 17 поени, а Домантас Сабонис 16 поени со 12 скока за Сакраменто. Кај Вориорс најдобра беше Стеф Кари уфрли само 22 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвешка 99 отсто е на Светското првенство
Фудбалерите на Норвешка 99 отсто се на Мундијалот во 2026 година. Во седмото коло, во И групата, ја забележаа седмата победа. Норвежаните ја победија Естонија со 4:1.
Само чудо може да ја спречи Норвешка да игра на првото СП по речиси три децении. Последен пат на планетарната смотра Норвежаните беа во 1998 година во Франција.
Норвешка во последното коло ќе гостува во Италија, има гол разлика +29 и само две луди победи на Италија во последните две кола можат да ги елиминираат од Мундијалот.
Во Осло, одбраната на Естонија се држеше до 50-та минута. Потоа во 12 минути, до 62-та, Два гола постигна Серлот, два Халанд и мечот беше решен.
Спорт
Македонија ремизираше без голови против Летонија
Македонската фудбалска репрезентација одигра без голобви во пријателски натпревар против Летонија во Скопје. Дуелот со Летонците беше генерална проба за дуелот со Велс во Кардиф, за пет дена.
Благоја Милевски, селекторот на Македонија, мечот помалку и очекувано го започна со комбиниран состав.
Македонија одигра натпревар далеку под своите стандарди, со две шанси во првиот дел на Ристовски и Костадинов. И двата удари ги скроти летонскиот голман Матревичс.
Македонија ќе му гостува на Велс на 18.ноември.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Младата репрезентација убедливо поразена од Шведска
Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година забележа убедлив пораз (1:4) од Шведска на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство.
Македонија постигна гол, имаше водствот, но потоа доживеа колапс. во второто полувреме.
Избраниците на Горан Станиќ поведоа со голот на Елези во водство во 12.минута. Швеѓаните пресврт направија за само 120 секунди, во 33-та и 33-та минута стрелец беше Ричи Оморова.
Во вториот дел, Швеѓаните уште двапати ја тресеа мрежата на Македонија.
Во 60.минута Момоду Сонко зголеми на 1:3, а Амин Будри во 79.минута го постави конечниот резултат.
Македонија е претпоследна на табелата во Е групата. Го доживеа четвртиот пораз во пет натпревари, Шведска е позиција погоре, откако славеше втор пат во овие квалификации.
Табела:

foto/ ffm.mk

