Црна хроника
Претрес во Прилеп, уапсен 22-годишник, пронајдена дрога
 
																								
												
												
											Вчера во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 22-годишниот Б.С. од Прилеп, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела“, соопшти МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Црна хроника
Уапсен германски државјанин на ГП Табановце, пронајдена дрога
 
														Вчера во 17:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К..(52) од Германија, затоа што при гранична контрола на патничко возило „мерцедес спринтер“ со германски национални ознаки, со кое патувал, пронајдени се марихуана, таблети и др..
А.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Несреќа на патот Охрид – Кичево: автомобил удри во 10-годишно дете, со тешки повреди пренесено во болница
 
														Десетгодишно девојче од Кичево со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на патот Охрид-Кичево.
„На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Обиена фирма Бит Пазар, украден сеф со пари
 
														Во полицијата било пријавено дека во текот на ноќта меѓу 29 и 30 октомври непознат сторител со употреба на физичка сила и алат влегол во филијала на фирма на подрачјето на Бит Пазар и одзел сеф со пари.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											