Црна хроника
Тешко повреден пешак на магистралниот пат Кичево – Охрид

Вчера во 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај село Другово, кичевско, патничко возило „бмв х6“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Р.Л. од село Ливада, струшко, удрило во пешакот, 53-годишниот С.Д. од село Другово, низвести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево, соопшти МВР.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Тетовско: возел со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот В.М. од село Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.
Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.