Црна хроника
Мотоциклист од Челопек излета од патот, со тешки повреди пренесен во тетовската Клиничка болница

Вчера, во 14 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Волковија – Тетово, во близина на тетовски Челопек, 61-годишниот А. Л. од тетовски Челопек, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот констатирани во тетовската Клиничка болница“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопски Аеродром: 44-годишник ги истепал сопругата и нејзиниот малолетен син

Денеска во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11.08.2025 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг П.Н.(44).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство.
Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони.
Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.