Македонија
Коалицијата „Вреди“: Албанците не ги забораваат гревовите на „пациентот” Бујар
Денеска ќе се вратиме во 2016 година, кога Специјалното Јавно Обвинителство или СЈО функционираше како иницијатива на меѓународниот фактор за расветлување на коруптивните скандали во РСМ.
Тогаш во случајот наречен „Пациент“, се издвојуваше како прв и единствен обвинет Албанец токму портпаролот на ДУИ, денес кандидат за претседател, Бујар Османи, истакнуваат од Коалцијата „Вреди“.
Како што велат за прв пат ќе откријат што всушност содржеше предметот „Пациент“ за кој, како што велат, беше обвинет Бујар Османи.
„Во истрагата постоеше основано сомнение за злоупотреба на службената положба на министерот за здравство, како и овластувањата на службените и одговорните лица во тендерските постапки за градежни работи, при што постоеле сомнежи дека бугарската компанија ГБС Благоевград беше фаворизирана иако имаше неколку поповолни понуди од други компании, во повеќе здравствени установи во земјава, меѓу кои и гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир. Вредноста на тендерот изнесуваше над 2 милиони евра.
Денеска се собравме, токму пред Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир, да пренесеме порака дека ние не забораваме!
Овде сме собрани, жени, мајки, сестри, ќерки да го обелодениме овој скандал, каде денешниот кандидат за претседател е обвинет за финансиска злоупотреба во овој за нас, свет објект и каде секој ден се породуваат нашите ќерки, нашите сестри, нашите пријателки. Замислете до каде оди лакомоста на овие луѓе за пари, злоупотребуваат милиони евра од местото каде што се пораѓаат сите мајки од Скопје и пошироко“, велат од оваа коалиција.
Ппрашуваат дали Албанците заслужуваат таков кандидат за Претседател.
„Јавно прашуваме, ако не се грижат за граѓаните, дали овие политичари знаат дека оваа болница им служи покрај другите и на нивните роднини?
Граѓаните никогаш нема да го заборават „Пациентот“ Бујар Османи. Можеби партизираните судови на Артан Груби го пикнаа овој случај во некој ќош, но доаѓа време за одговорност за направеното, но и за тие кои го криеја случајот. Замислете, овие милиони можеа да бидат кревети за мајки, опрема за гинеколози, работа за медицински сестри, подобри услови за бебиња. Овие злоупотребени пари можеа да бидат буџетски средства за да се донесат решенија за тие над 1700 вработени во здравството кои се со договор на дело, и никако не можат да добијат решенија за работа“, истакнуваат од коалицијата.
Потенцираат дека доаѓа време за одговорност, и дека граѓаните ќе ја осудат криминогена власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

