Спорт
Анчелоти: Само со бункер можевме да го елиминираме Сити
Реал Мадрид го исфрли Манчестер сити од Лигата на шампионите. Реал, актуелниот европски првак го победи по изведувањето пенали. Голманот Луни во пенал серијата ги одбрани ударите на Силва и Ковачиќ.
„Само со ваква игра можевме да го елиминираме Сити“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти, чиј тим на „Етихад“ играше бункер и ретко се префрлаше на противничката половина.
„Почнавме добро, поведовме, а потоа почнавме да се мачиме, да се бориме… Стоевме премногу ниско, а Сити имаше сè поголема контрола. За среќа, одлично се браневме. Во пенал рулетот бевме уверени дека ќе поминевме, играчите ми рекоа дека ќе победат“, додаде Анчелоти.
Италијанскиот тренер откри и што му кажал Пеп Гвардиола од Сити по престрелката.
„Тој ми честиташе и ни посака среќа. Беше џентлмен како и секогаш и овој клуб е џентлменски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сабаленка лесно ја победи Бадоса, Киз спаси меч топка и ја победи Швјонтек
Араина Сабаленка и Медисон Киз ќе се борат за трофејот на Австралија опен. Бранителката на титулата, Сабаленка во полуфиналето лесно се справи со Паола Бадоса, додека Киз по голема борба ја совлада Ига Швјонтек.
Најдобрата светска тенисерка во првото полуфинале ја совлада Паола Бадоса во два сета, за 90 минути резултатот беше 6:4, 6:2.
Шпанката имаше подобар старт во своето прво Грен слем полуфинале и откако спаси брејк во првиот гем, направи брејк во вториот гем. И тука некаде завршија нејзините надежи дека може да ја победи првата носителка.
Следуваше рибрејк, а потоа експресен брејк на следниот сервис на Бадоса, кога Сабаленка целосно го сврте мечот во своја полза. Вториот сет беше само формалностл. Сабаленка лесно стигна до двојна брејк предност, а потоа ја заврши работата на свој сервис, користејќи ја првата од трите меч топки.
Ова беше нејзина 33. победа во последните 34 натпревари на тврда подлога и ќе игра петто последователно финале на Грен слем кој се игра на бетон. Трет по ред во Австралија.
Американката Медисон Киз, десетина минути по полноќ, по локално време го оствари најголемиот успех во кариерата. Спаси меч топка, а потоа супер тај-брејкот го доби со 10:8
Киз, 19.носителка во Мелбурн, по два ќаса и 28 минути, ја победи втората фаворита со 5:7, 6:1, 7:6.
Фестивал на брејкови беше виден во првиот сет, вкупно седум. Последниот го направи Швјонтек во 12 гем и го освои сетот.
Во вториот, Киз ја декласира противничката и препушти само еден гем, по што изедначи на 1.1.
Драмата кулминираше во третиот сет. Киз пропушти брејкт топка во вториот гем, а потоа две во седмиот гем. Швјонтек не реализираше четири брејк топки во деветтиот гем.
Сепак тенисерката од Полска успеа во 11. гем да и го одземе сервисот на противничката. Во 12. дојде до меч топка, кој Киз ја спаси, поточно Швјонтек и ја подари со дупла сервис грешка. Откако Киз изедначи на 6:6 се влезе во супер тај-брејк.
Таму, Швјонтек константно имаше предност до 7:6, од тој момент Киз освои четири од последните пет поени и се пласира во финалето.
Спорт
Реал е првиот клуб што заработил повеќе од милијарда евра во една сезона
Шпанскиот шампион и освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид стана првиот европски клуб кој заработил повеќе од милијарда евра во сезоната 2023/24. Податокот го објави „ Football Money League“, повикувајќи се на 28. годишен извештај на ревизорската консултантска куќа Делоит.
Со промет од 1,045 милијарди евра (претходната сезона заработи 831 милион евра), Реал имаше најголема заработка меѓу 20. најдобри европски клубови.
Според ревизорската и консултантска фирма Делоит, 20. најголеми клубови оствариле вкупни приходи од 9,2 милијарди евра во сезоната 2021/22. Делоит наведува и дека вкупниот приход на 20. најголеми клубови во сезоната 2023/24 е во однос на претходната сезона (10,5 милијарди евра) е зголемен за шест отсто, на 11,2 милијарди евра.
Зад Реал Мадрид се Манчестер Сити (838 милиони евра), ПСЖ (806), Манчестер Јунајтед (771) и Баерн Минхен (765).
Спорт
Дефанзивец на Челси на заем во Јувентус
Јувентус го финализира трансферот на Ренато Виега (21) од Челзи. Младиот Португалец ќе ја зголеми конкуренцијата во дефанзивната линија на „старата дама“. Веига може да игра како централен дефанзивец и како лев бек.
Виега ќе пристигне во Јувентус на позајмица. Се известува дека оваа инвестиција ќе го чини Јувентус 4,5 милиони евра (позајмица плус плата за играчот).
Веига е втор дефанзивец кој пристигна во Јувентус во зимскиот преоден рок. Минатата недела, во клубот пристигна од Виторија Гимараеш Алберто Коста.
Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус во наредните денови ќе се обиде да го комплетира трансферот на централниот дефанзивец Лојд Кели од Њукасл, но не се откажуваат ниту од Австриецот Кевин Данс од Ленс и Давид Ханцко од Феенорд.
Еден од овие тројца играчи најверојатно наскоро ќе го облече црно-белиот дрес.