Спорт
Ембид го прекрши ветувањето што му го дал на претседателот Макрон
Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид му ветил на францускиот претседател Емануел Макрон во 2021 година дека ќе игра за Франција. Три години подоцна го прекрши ветувањето.
Ембид, се ремисли и реши на олимписките игри во Париз да го носи дресот на Соединетите Американски Држави.
Ембид имаше можност да игра за Камерун, земјата во која е роден.
„РМЦ Спорт“ го објави писмото Ембид што му го испратиl на претседателот Макрон во 2021 година.
„Откако разговарав со луѓе од Француската кошаркарска федерација, донесов одлука. Сакам да преземам чекори за да станам „натурализиран“ играч и на тој начин да можам да бидам член на „триколорите“. Затоа не сакам да играм за која било друга репрезентација. Никогаш не сум ги носел боите на ниту една репрезентација. За мене би било голема чест да се приклучам на оваа француска репрезентација за да учествувам на следните големи натпреварувања, особено на Олимписките игри во 2024 година“, пишува меѓудугото во писмото на Ембид.
Joel Embiid a envoyé une lettre à Emmanuel Macron en 2021, dans laquelle il a promis de jouer pour l’équipe de France afin d’obtenir la nationalité française, selon @RMCsport.
Extrait de la lettre : « Mon choix est arrêté […] Je ne souhaite jouer pour aucune autre équipe… pic.twitter.com/mVLV7xrhkF
— Benjamin Moubèche (@BenjaminMoubech) April 18, 2024
Инаку, Ембид е на списокот од 12 играчи на САД кои ќе играат во Париз.
Во ростерот на Стив Кер се и Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Каваи Ленард и Бем Адебајо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

