Спорт
Тешка група за ракометарките на ЕП – Македонија натпреварите ќе ги игра во Дебрецин

Foto/ macedoniahandball.com.mk
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна ривалите на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Во А групата, Македонија ќе игра против една од најсилните светски селекции Шведска, ко-домаќинот Унгарија и Турција. Натпреварите ќе се играат во Дебрецин.
Првенството Македонија ќе го отвори против Шведска на 28.номеври, два дена подоцна противник ќе биде Турција, а на 2.декември ракометарките ќе се сретнат со Унгарија.
Пласман во следната фаза ќе изборат најдобрите две селекции од секоја група.
Група Б (Дебрецен): Црна Гора, Романија, Србија, Чешка
Група Ц (Базел): Франција, Шпанија, Полска, Португалија
Група Д (Базел): Данска, Швајцарија, Хрватска, Фарски Острови
Група Е (Инсбрук): Норвешка, Австрија, Словенија, Словачка
Група Ф (Инсбрук): Холандија, Германија, Исланд, Украина
Европскиот шампионат ќе се одржи од 28.ноември до 15.декември.
𝗧𝗛𝗘 #𝗲𝗵𝗳𝗲𝘂𝗿𝗼𝟮𝟬𝟮𝟰 𝗦𝗧𝗔𝗚𝗘 𝗜𝗦 𝗦𝗘𝗧!🔥 Who will be crowned as European Champions next December in Vienna? 🤩 #catchthespirit pic.twitter.com/VlewEnoqxQ
— EHF EURO (@EHFEURO) April 18, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.
Спорт
Вардар и Струга ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар и Струга ТЛ изборија пласман во финалето на националниот Куп. Вардар одигра 1.1 во реваншот против АП Брера, во финалето се пласира со вкупен резултат 4:1, нерешено 1:1 заврши и реваншот меѓу Струга ТЛ и Шкендија, струѓани се пласираа во финалето со вкупен резултат 3:2.
Вардар по пауза од 18 години ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија, додека Струга ТЛ по 2023 година повторно доби шанса да се бори за трофејот.
Брера во Струмица го отвори резултатото во 34.минута со голот на Јанкуловски, а конечните 1.1 ги постави Талевски во 58.минута.
Струга по триумфот во Тетово, во првиот меч 2.1, во реваншот на домашен терен прашањето на победникот во овој двомеч практично го реши во 19.минута кога Укпа погоди за 1:0. Шкендија изедначи во 92. со автоголот на Радиќ.