Спорт
Араухо нема коментар за критиките од Гундоган
Тензично е во Барселона по елиминацијата од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ славеше во реваншот во Барселона со 4:1 и со вкупен резултат 6:4 влезе меѓу најдобрите четири екипи во елитното натпреварување. и покрај тоа што победи со 3:2 во Париз, а потоа поведе со 1:0 на домашен терен.
Клучниот момент во реваншот се случи во 29. минута кога Роналд Араухо доби црвен картон. Како последен играч во одбраната, направи фал врз Баркола.
Илкај Гундоган, еден од најискусните играчи на Барселона, по натпреварот го критикуваше Араухо.
„Во клучните моменти од играта, мора да бидете сигурни кога стартувате на топката. Јас би оставил ситуација еден на еден, би му дал шанса на голманот да спаси, или да примиме гол“, рече тој. .
Араухо одби да му одговори на Гундоган, беше краток во својот коментар.
„Претпочитам да ги задржам за себе она што го мислам за тој коментар. Имам одредени вредности кои мислам дека треба да се почитуваат“.
Освен што коментарот на Гундоган не му се допадна на Араухо, во негова одбрана застанаа и францускиот дефанзивец Жил Кунде и капитенот Серхи Роберто кои на социјалните мрежи порачаа дека „секогаш победуваат и губат како тим“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анелоти решил да замине во пензија ?
Легендарниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти наводно решил да го напушти „кралскиот клуб“ на крајот од оваа сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Според информациите на шпанското радио „Онда Серо“, Анчелоти одлучил да се пензионира иако неговиот договор е до јуни 2026 година.
Анчелоти остави длабока трага за време на неговите две мандати во Реал Мадрид.
Првиот мандат му беше крунисан со титулата во Лигата на шампионите во 2014 година, додека по враќањето во 2021 година успеа да освои уште две титули во елитното европско натпреварување, во 2022 и 2024 година.
Покрај тоа, тој освои две титули во Ла Лига, Копа дел Реј и Светското клупско првенство со тимот.
Оваа одлука го наметнува прашањето кој ќе го наследи искусниот Италијанец на клупата на Реал.
Главен фаворит е поранешниот играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
Спорт
Започна ерата на Хамилтон во Ферари
Луис Хамилтон е нов возач на Ферари од 1 јануари, а Британецот за прв пат, претпалднево се појави на новото работно место.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 го најави своето доаѓање во Маранело како почеток на нова ера.
„Има неколку денови кои знаете дека ќе ги паметите засекогаш, а денес, мојот прв како возач на Ферари, е еден од тие денови. Имав доволно среќа да постигнам работи во мојата кариера за кои никогаш не мислев дека се можни, но дел од мене отсекогаш сонуваше да се тркам во црвениот болид. Не можам да бидам посреќен што го остварив тој сон денес. Денес започнуваме нова ера во историјата на овој легендарен тим и едвај чекам да видиме каква приказна ќе пишуваме заедно“, напиша Хамилтон на Инстаграм.
Британецот ќе го помине својот прв ден во Маранело запознавајќи се со клучните луѓе, фабриката и тимот, а болидот за 2025 година ќе го тестира на симулатор. До крајот на неделата, Хамилтон ќе тестира на патеката, но првиот црвен болид што ќе го вози ќе биде моделот од 2023 година.
Тоа е последниот модел што на Хамилтон му е дозволено да вози според ограничувањата за тестирање во Ф1.
Хамилтон очекува нешто сосема ново во кариерата бидејќи за прв пат по 18 години во Ф1 ќе вози болид кој не се придвижува од мотор на Мерцедес.
Ферари ќе го претстави болидот од 2025 година на 19 февруари, една недела пред почетокот на официјалното тестирање во Бахреин (26-28 февруари).
Новата сезона во Формула 1 започнува во Австралија на 16. март.
Спорт
Шахин е соочен со отказ, Тен Хаг ќе ги преземе „милионерите“
Борусија Дортмунд е во катастрофална форма. Како и секогаш, цехот најверојатно ќе плати тренерот, во овој случај тоа е Нури Шахин. Медиумите тврдат дека претстојниот натпревар против Болоња во Лигата на шампионите ќе ја одреди судбина на Шахин на клупата на Борусија.
Клупските челници, според германските медиуми, веќе работат на овој случај. Прв пик за нов тренер е Ерик Тен Хаг. Поранешниот менаџер на Манчестер унајтед минатата недела бил во Дортмунд, а многумина тврдат дека тој не дошол само да го гледа тренингот на „милионерите“, туку се сретнал и со клупските челници.
Покрај за тен Хаг, клубот е заинтересиран и за Себастијан Хенес, но Штутгарт нема да го пушти, а неговата откупна клаузула е осум милиони евра.
Тен Хег работеше како тренер во Б тимот на Баерн во периодот кога Пеп Гвардиола ги водеше Баварците, па не му е непознат германскиот фудбал.
Доколку Дортмунд доживее пораз од Болоња и го загрози пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите, не е невозможно Тен Хаг до крајот на неделава да биде именуван во нов тренер.