Спорт
Ферстапен победи во Кина, Норис втор, Перез трет
Макс Ферстапен ја забележа четвртата победа во петтата трка оваа сезона во шампионатот на Формула 1. Актуелниот светски првак ја освои Големата награда на Кина на патеката во Шангај. Покрај Холанѓанецот, на пудиумот завршија Ландо Норис од Мекларен и Серхио Перез.
Ферстапен, рутински дојде до 58. во кариерата и покрај тоа што возилото за безбедност два пати излегуваше на патеката. Тоа предизвика различни стратегии кај тимовите, а најдобро го искористи Норис спречи очекувана еден два победа на Ред Бул.
Покрај најдобрите тројца, бодови во Кина освоија двајцата возачи на Ферари Шарл Леклер и Карлос Саинц, Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Оскар Пјастри (Мекларен), Луис Хамилтон (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас).
Ф1 сега се сели во САД, каде на програта е трката во Мајами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Халанд влезе во историјата на Норвешка, па објави дека ќе стане татко
Ерлинг Халанд ја потврди својата блескава форма оваа сезона со историскиот подвиг во норвешката репрезентација. Тој постигна два гола во победата над Словенија 3:0, во Лигата на нации.
Во 36. настап за репрезентацијата Халанд го постигна 34.гол и стана најдобар стрелец во историјата на Норвешка. Халнад го собори рекордот на Јорген Јове од 1937 година.
Но, вистинската прослава следуваше по натпреварот. Халанд се врати на тревникот на стадионот во Осло, ја стави топката под дресот во пределот на стомакот и палецот во устата и позираше пред фотографите. Тој веднаш ја објави сликата на социјалните мрежи со емоџи од мало дете и порака „наскоро“.
Тоа беше позитивен шок за неговите соиграчи и норвешката јавност. Секако, вака објави дека тој и неговата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, која беше на стадионот чекаат дете.
Спорт
(Видео) Инцидент во Евролигата – Брајант го гризна Биберовиќ
Дербито на Истанбул во Евролигата, во салата на Ефес им припадна на кошаркарите на Фенербахче (93:69).
Натпреварот го обележа инцидентот во третата четвртина меѓу Елајџа Брајант (Ефес) и Тарик Биберовиќ (Фенербахче).
Фенер беше во напад, Елајџа Брајант се обиде да го запре Тарик Биберовиќ, а потоа и двајцата завршија на паркетот. Кошаркарите тргнаа физички да се пресметаат, соиграчите успеаја да ги раздвојат, а судиите ги исклучија двајцата.
Сепак, ТВ камерите не успеаја да го овековечат најдоброто од она што се случуваше.
Дури по крајот на натпреварот, благодарение на фотографија, беше целосно јасно што се случи, Брајант најверојатно го гризнал Биберовиќ.
Değerli Fenerbahçe Camiasına..
Bugün oynanan Anadolu Efes – Fenerbahçe Beko Euroleague 2. Hafta mücadelesinde, rakip oyuncu Elijah Bryant’ın, oyuncumuz Tarık Biberovic’e yerde bulunurken gerçekleştirmiş olduğu saldırı, basketbolun rakebet ve fair-play ruhuna tamamen aykırıdır,… pic.twitter.com/IlBK6rjGb1
— 1907 Basketbol (@1907Basketbol1) October 10, 2024
ulan tarık ellerine sağlık 😂😂 https://t.co/B5oilGopi5 pic.twitter.com/KtR4t11uXF
— seher (@bekobahcem) October 10, 2024
Спорт
(Видео) Шок на Вембли: Два гола на Павлидис, Грција ја победи Англија
Грција го направи најголемото изненадување во досегашниот тек од Лигата на нации. Грците ја победија Англија на „Вембли“ со 2.1 во третото коло, во Групата 2. Ова е прв пораз на Англија на „Велмбли“ по четири години.
Грците до најголемата победа во последните 20 години, од финалето на ЕУРО 2004 во Португалија, ги предводеше Василис Павлидис.
Напаѓачот на Бенфика го постигна првиот гол во во 49. минута, тој постигна уште еден во 83.минута, но голот беше поништен поради офсајд.
Белингем во 88.минута изедначи на 1:1, но Англија сепак не успеа да го избегне поразот. Во 94.минута Павлидис го постави конечниот резултат.
Грција со максимални девет бода ја предводи Групата 2, Англија има шест.