Црна хроника
Приведен дилер за издржување казна затвор од две години

На 20.04.2024 во 17.40 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле А.А.(39) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба.
Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28.000 денари.
Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата, соопшти Обвинителството.
Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото сега го извршил во медицинска установа во која во исто време поголем број пациенти во тешка состојба, меѓу кои и оштетениот, чекале да примат терапија од која им зависи животот, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за осомничениот. Притворот е прифатен.
Црна хроника
Десетгодишно дете тешко повредено, паднало од електричен тротинет во Гостивар

Вчера во 19.54 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, 10-годишник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Две и полгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и четирицикл

Две ипол годишно дете кое се превезувало на четирицикл е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Зелениково-с.Страхојадица.
Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и две ипол годишно дете, сопатник на четирициклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.