Црна хроника
Приведен дилер на дрога од Скопје за издржување на казна затвор од 4 години
Денеска во 13.05 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Т.(34) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео
Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон.
Ова се случувало во октомври, но деновиве до видео материјалот дошол таткото на нападнатото девојче, кој случајот го пријавил во МВР.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување, а засега нема информации за возраста на средношколките.
МВР во денешната хроника информираше за уште еден сличен случај на врсничко насилство што се одвивал пред два дена на подрачјето на општина Аеродром, а во близина на основно училиште. Според информациите од полицијата, малолетник бил физички нападнат од друг малолетник, соученик во училиштето. Полицијата го расчистува и овој случај.
Црна хроника
Тротинет се судри со автомобил во Струмица
Вчера на крстосницата од бул. „Балканска“ и ул. “Крушевска република“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од А.Ѓ.(47) и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Р.(72), двајцата од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ., констатирани во Општата болница Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Автомобил удри во пешак во Скопје, жена се здоби со тешки повреди
Вчера на крстосницата од улиците Благоја Паровиќ и Џон Кенеди во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна полициска екипа.