Свет
Шефот на израелската воена разузнавачка служба поднесе оставка

Шефот на израелската воена разузнавачка агенција поднесе оставка поради неуспехот за нападот на Хамас на 7 октомври, соопшти војската.
Генерал-мајор Ахарон Халива стана првиот висок функционер што се повлече поради неговата улога во најсмртоносниот напад во историјата на Израел.
Халива во октомври рече дека тој е виновен што не успеал да го спречи нападот на Хамас што ја уништи фалената одбрана на Израел.
„Тоа утро сфатив дека е готово. Кога војната ќе заврши, морам да одам“, рече тој веднаш по 7 октомври.
Оставката беше објавена пред копнената операција со висок ризик во Рафа за која Израел верува дека е последното упориште на Хамас во Појасот Газа.
Одлуката е донесена во услови на тензии меѓу Израел и Иран по серијата напади.
Генералот Халива служеше во ИДФ 38 години. Доби благодорност за придонесот „како војник и командант на безбедноста на земјата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Ураган ја потопи Ибица

Ураганот „Габриел“, кој со денови пустоши над Атлантикот, денеска ја погоди Ибица и Форментера, предизвикувајќи поплави и голема материјална штета.
Видео-снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобили, мотори и контејнери како ги носи надојдената вода, а улиците се претворени во реки од кал и дожд.
Flooding due to heavy rain on the island of Ibiza, Spain 🇪🇸 (30.09.2025) pic.twitter.com/4gM7xFwDVW
— Disaster News (@Top_Disaster) September 30, 2025
Туристи биле принудени да се симнат од брод во вода до колена.
Jeeze! Passengers step off the sea ferry in Ibiza directly into floodwaters 😳
Bizarre!pic.twitter.com/eH7tE9TLnk
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Пожарникарите на Ибица интервенирале на повеќе од 20 повици само утринава. Затворени се неколку патишта, меѓу нив и пристапот до аеродромот. Во близина на аеродромот за неколку часа наврнале 74 милиметри дожд, а има и прекини во снабдувањето со струја.
👀 This is on the Spanish Island of Ibiza before the mobile phone warning was sent out. There is a RED warning in place = Danger to life.
📹 @BailoAndrespic.twitter.com/BdXDlvFZF0
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Силното невреме предизвика проблеми и на Мајорка, каде што северниот дел на планинскиот венец Трамунтана бил најтешко погоден, како и во регионот Валенсија и Мурсија.
Свет
Првиот патнички воз без возач, пуштен во употреба во Европа

Чешка го лансираше првиот патнички воз без возач во Европа што сообраќа на отворена железничка пруга.
Автономниот воз се движи по рута од 24 километри (15 милји) на северот од земјата. За разлика од повеќето автономни возови, кои сообраќаат само во затворени системи како што се метро или аеродромски превоз, овој е дизајниран за железници во реални услови.
Возот без возач, развиен од чешката технолошка фирма AZD Praha, се вика „Едита“ и е опремен со камери, лидар, ласерски скенери, дигитално мапирање и вештачка интелигенција за контрола на влечење и сопирање и откривање на пречки.
За време на тестирањето, „Едита“ забавила поради зајак на пругата и застанала поради стадо овци, покажувајќи ја својата способност да се прилагоди на неочекувани ситуации.
Од почетокот на тест патувањето, тој превезе луѓе вкупно на околу 1.700 километри, пренесуваат медиумите во регионот.
Фото: принтскрин
Регион
Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа ранети, јави дека едно комбе дошло по Сланачки пат до локалниот бар и почнало да пука по присутните.
Претходно повеќе медиуми објавија дека починала жена, но според информациите од српската полиција, петмина се повредени. „Еуроњуз“ јави дека жената била донесена во болница без знаци на живот, но спасена е со реанимација. Во моментот се наоѓа во тешка состојба.
На местото на настанот има полиција и форензичари, а полицајците ги замолиле медиумските екипи да се оддалечат бидејќи е во тек увид.
Според жителите, кафулето е познато по тоа што таму се собираат и навивачи, а во него има и простор наменет за деца.
Не е познато дали во моментот на пукањето имало деца во кафулето, но жители и очевидци изјавиле дека на автобуската станица имало голем број деца кои се уплашиле и се разбегале, и додале дека долго се чекало на пристигнувањето на итната помош.
Жителите посочиле дека последните месеци имале големи проблеми со навивачки групи, за што редовно пријавувале во полиција. Полицијата и обвинителството реагирале кога медиумите укажувале на тоа.
„За нив ова е шокантно, но не толку изненадувачко, затоа што навивачките групи одамна прават проблеми,“ јави репортерката на „Н1“.
Засега нема официјални информации за мотивот за пукањето, а српски „Телеграф“ пишува дека станува збор за пресметка меѓу навивачи.