Свет
Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Џејмс Марапе, го обвини американскиот претседател Џозеф Бајден дека ја навредувал островската држава во Тихиот Океан, со тоа што имплицирал дека вујко му таму бил изеден од канибали за време на Втората светска војна.
Бајден минатата недела зборуваше во Пенсилванија за својот вујко Амброуз Финеган, кој беше во воздухопловните сили на САД, а за кој рече дека бил соборен над Папуа Нова Гвинеја за време на војната, според АП.
„Никогаш не го пронајдоа неговото тело бидејќи порано имаше многу канибали во поголемиот дел од таа земја“, рече Бајден.
Марапе рече дека изгледа „Бајден сакал да каже дека вујко му го изеле канибали“.
„Забелешките на Бајден можеби се непромислени, но мојата земја не сака да биде означена како таква“, рече Марапе во изјавата доставена до американската новинска агенција, пренесува „Танјуг“.
Тој додаде дека Втората светска војна не била предизвикана од жителите на Папуа, туку дека тие биле вовлечени во конфликтот.
Американската амбасада во Порт Морзби сè уште не одговорила за коментар.
Минатата недела, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Финеган, всушност, загинал кога неговиот авион се урнал во Тихиот Океан за време на Втората светска војна и не бил изеден од канибали.
Жан-Пјер им рече на новинарите дека кога Бајден сугерирал дека Финеган го изеле домородците од Нова Гвинеја во 1944 година, тој „само се обидувал да изрази колку е неверојатно горд на својот вујко“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.