Македонија
Лукаревска од Велес: Tука сме, со вас сме, ние не бегаме ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата
Почитувани граѓани, верувам во вашата љубов кон државата, сакате да биде безбедна, а вашите животи побогати и посигурни. Заедно одиме кон таа цел. Ви ветувам, ќе дадаме сè од себе за да ги оправдаме вашите очекувања и верба во нас. Од минатото добро знаеме дека она што ќе го посееме сега, ќе го жнееме утре. Затоа мора да сме будни, затоа клучно е СДСМ да победи на изборите, зашто само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните. Ветивме живот во слобода и тоа најголемо ветување го исполнивме. Сега ви ветуваме ИДНИНА, предвидлива, спокојна, европска, рече носителката во третата изборна единица Сања Лкаревска, вечерва во Велес.
Лукаревска истакна дека е предизвик и чест да се биде носител на листа во третата изборна единица, зашто, верува во исправните политики на СДСМ, во чесноста и во љубовта на нивните членови кон државата и кон сите нејзини граѓани.
– Тука сме, со вас сме , ние не бегаме ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата. СДСМ бил, е и ќе биде со граѓаните секогаш, и во добро и во лошо. Затоа важно е СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија таму каде што ни е местото на сите, на цела држава-после НАТО, влез во Европската унија. Како Македонци со македонски јазик, по исправниот пат. Убедена сум дека и Велес, и на 24 април и на 8 мај, ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија, рече Лукаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температури до 27 степени и можност за локален дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од УХМР информираат дека утре претежно во западните делови од земјата ќе има појава на краткотраен дожд. Потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.
Македонија
Невреме во Тетово: Поплавени улици, домови, гаражи
Силно невреме го зафати Тетово, поплавени се улици, домови, гаражи.
Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина Тетово и околината.
„Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово“, информира вечерва Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово.
За невремето известени се и ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово.
Македонија
Митева: Состојбата во односите со Бугарија е последица на погрешните политики на СДС
„Ситуацијата не е настаната од вчера за денес. Не зборуваме ние за состојба која била совршена до вчера, а од денес не е совршена. Зборуваме за причинско последични состојби и дека состојбата во која сме дојдени е резултат на погрешно преземани политики на СДС”, истакна портпаролката, пратеничка и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.
Митева продолжи и додаде:
„Во делот на тоа што се случува помеѓу Бугарија и Македонија е состојба која ја предизвика СДС со погрешните политики”, вели Митева Митева истакна дека состојбите кои ги креира СДС се тотално погрешни.
„Состојбите кои ги креира СДС од позиција на опозиција се тотално погрешни и користи политика за дневно политички поени без никаква суштина”, кажа Митева.
Митева истакна дека за разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветена.
„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветено и ќе ја оправда довербата која на 8-ми мај ја доби од граѓаните”, заклучи Митева.