Македонија
(Видео) Силјановска-Давкова: Во очите на луѓето гледам надеж, се наоѓаме пред портите на четвртиот Илинден
Се наоѓаме пред портите на четвртиот Илинден каде ќе имаме реформи, европски стандарди, одговорност и безмилосна битка со корупцијата и криминалот, бидејќи ниту една област како образование, здравство, еконoмија, социјалнa заштита, наука и сл. не може да се помести ниту педа напред, истакна професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, на денешниот митинг во Пробиштип.
Таа рече дека не смееме да дозвилиме македонското ткиво да биде корумпирано и криминализирано, оттаму политичката максима ќе биде „крај на корупцијата и криминалот и негово искоренување”, бидејќи во прашање е системско зло.
„Фамилиите на власт се поврзани со корупција и криминал, не е воопшто пријатно да гледате слики каде највисоки функционери ја делат трпезата со секого, односно тоа е доказ дека со премолчување и самите се дел од тоа криминално семејство. Мора да ставиме крај на ова! Не смее претседатели и премиери кои се во изборна трка да сметаат на гласови добиени со помош на криминалците, бидејќи таму нема збор / беса, таму има ветување и исполнување. Здравјето на целата нација, здравјето на Македонија го врзуваат за болниот живот на ликови кои се длабоко потонати во криминал“, рече Силјановска Давкова.
Таа во говорот додаде и дека само кога секој ќе стрепи од криминал и корупција, тогаш ќе има шанса младите да се вратат назад, а Мекедонија како совршен мозаик да зачекори во просперитетната ера.
„Во очите на луѓето гледам надеж, тоа е страшна одговорност. Понекогаш си велам дали ќе можеме овие големи очекувања да ги исполниме. Како ѕид да имаше пред нас и тешко е да се урне. Ѕид на незнадење, ароганција и бесчувствителност. Можеби си реков – сум ја крунисала криерата, па време е да читам, да пишувам. Јас сум многу обична жена, која работи низ дома, оди на пазар, сака да чува внука. Тоа ме прави горда, зашто ние имаме извонреден однос кон семејството. Ние мајките многу министерства водиме низ куќата и тоа успешно. Си мислев дека нешто ми вели дека можам да бидам добар пример за сите прекрасни жени. Ако знаењето и умот ги впрегнеме во иднината, и во секогашноста ќе оставиме дел од иднината и таа ќе стане извесна, а не неизвесна како со овие луѓе кои сега се на власт. Затоа се нафатив да зачекорам кон една нова фаза“, рече Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај
Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.
ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.
Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.
Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.
Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.
Македонија
Кацарска ја чува обезбедување, денес добила закани дека „страшно ќе одговара“
Непознато лице денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. По инцидентот интервенирало нејзиното обезбедување.
„Полициски службеници од полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Утре затворени неколку улици во Скопје
Утре од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански триоги триатлон”, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски” во дел од градот ќе има изменет режим на сообраќај, соопшти СВР Скопје.
Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски” и дел од булеварот Илинден (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улицата Никола Парапунов и обратно.
Утре исто така со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв” ќе има посебен режим на сообраќај во делот од градот каде што ќе се реализира манифестацијата.
Настанот почнува пред Музеј на град Скопје – улица Св.Кирил и Методиј, потоа лево по булеварот Св.Климент Охридски, во продолжение право по булеварот Мајка Тереза, па лево по улицата Тодор Александров и по локалниот пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”).