Спорт
Але го пропушта натпреварот со Пари-Сен Жермен
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следната недела, пренесува „Лекип“.
Репрезентатиецот на Брегот на Слоновата коска, го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:1), Але ќе мора да паузира најмалку две недели.
Ова е лоша вест за напаѓачот кој неодамна се опорави од рак на тестисите и штотуку почнува да се враќа во добра форма.
Зимава настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со која го освои Африканскиот куп на нации.
Але одигра 40 натпревари за Дортмунд, постигна 12 гола и забележа шест асистенции.
Борусија се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат по 2013 година, кога го елиминираше Реал Мадрид, а потоа загуби од Баерн Минхен во финалето на „Вембли“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Емануел Пети тврди дека врз Мбапе е фрлена магија
Килијан Мбапе дефинитивно ги преживува најтешките моменти во кариерата. Засега, Реал на теренот не доби ништо од францускиот репрезентативец.
Критиките на навивачите и медиумите кон Мбапе се засили по натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионие. Во средата, Ливерпул победи со 2:0, а Мбапе при резултат 1:0 промаши пенал и одигра исклучително лош натпревар.
Најлуда теорија за лошата форма во која се наоѓа Мбапе има поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети. Пети, европски и светски првак со Франција врди дека Мбапе е маѓепсан.
„Навистина мислам така“, изјави 54-годишниот за „РМЦ Спорт“ и предизвика неверување кај присутните во студиото.
„Вие не верувате, но јас верувам дека е така“, рече Петит, а на прашањето кој го маѓепса, тој одговори: „Можеби Погба? Не знам“.
Пети со последната изјава алудира на претходниот судски спор меѓу Пол Погба и неговиот брат Матијас во 2022 година.
Матијас го обвини својот брат Пол дека и платил на вештерка за фрли магија на Мбапе.
Спорт
Реал има договор со Дејвис, проблеми му прави менаџерот
Реал Мадрид во март ги договорил сите услови според кои Алфонсо Дејвис (24) од Минхен би се преселил во Мадрид по завршувањето на сезоната.
Канадскиот репрезентативен лев бек ќе стане слободен играч на крајот на јуни по истекот на договорот со Баерн, за кој дебитираше во 2019 година и оттогаш одигра 212 натпревари, со учинок од 11 гола и 34 асистенции.
Германскиот новинар, Кристијан Фалк, тврди дека на Дејвис му е понудено продолжување на соработката, но и дека Баварците бараат замена за да ја покријат неговата позиција доколку 24-годишниот фудбалер реши да го напушти клубот. Тој исто така додава дека менаџерот на Дејвис, Недал Хаус, му ја отежнува работата на Реал.
Според Флак, менаџерот преговара и со други клубови кои биле заинтересирани за Дејвис, а најмногу се споменува Манчестер јунајтед.
Практиката на Реал е да избегнува финансиска конкуренција со други клубови и обично не преговара за суми за плати повисоки од она што тие се подготвени да ги понудат.
Спорт
(Видео) Роналдињо ја покажа класата во Ел класико на ветераните
Бразилецот Роналдињо (44) со мајсторски изведен слободен удар го одбележа натпреварот меѓу ветераните на Барселона и Реал Мадрид одигран во Доха, Катар.
Натпреварот заврши нерешено, 2:2.
Пред голот на Роналдињо, голманот на Реал, Бујо, го совлада Хуан Пабло Сорин.
Реал подоцна успеа да изедначи со головите на Луис Фиго и Колумбиецот Едвин Конго.
Барселона можеше да победи, но во самиот финиш Ерик Абидал не успеа да реализира пенал.
Ronaldinho still got it. 🇧🇷pic.twitter.com/BdjmXIPP8F
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 28, 2024