Македонија
Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале
„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако и јас можам да бидам по вицкаст, јас ќе бидам само реален и ќе изнесам факт“, напиша Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи.

„Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски наследи општина со 200 милиони денари на жиро сметка, клубот МЗТ со 6 милиони денари и 18 милиони денари потпишани договори кои треба да легнат на сметката на клубот во наредниот период.
Денес општина Аеродром не може да си ги плати обврските према добавувачите и изведувачите, има проблеми со исплта на плати. На МЗТ му ветуваше брда и долини, а сега доцни со плати.
Веројатно колегата мисли дека високиот резултат на нивниот претседателски кандидат е како плод на неговото домкинско и успешно работење и дека овие 12.000 гласа разлика во однос на другиот кандидат се резултат на неговото управување, но реалноста е дека следниот градоначалник по него нема да може да ја оправи некогаш најсолвентната општина. Заради колосалните успеси во локалната самоуправа сега се гребе за функција во влада.
Веројатно тактиката му е добра зошто градоначалничката фотеља е жешка, бара да бидеш добар менаџер, да имаш трпение во работата со граѓаните и да наоѓаш решение за нивните проблеми.
Ова е пре тешка работа за него, а големите партии се познати што и на помалку успешните им наоѓаат ангажман.
Паролата „И неспособните со нас успеваат“ им е својствена само нив.
За разлика од него, јас наследив 330 милиони денари блокирана сметка, а денес на истста има 60 милиони денари и нема долг ниту еден денар.
Тој работи со мнозинство со советот, а јас без мнозинство и со опструкции.
Од синоќешните резултати јас бев шокиран од нискиот број на гласови, а неговата партија пак од преголемиот број на гласови. Но, прв излегов го признав поразот и честитав на водството на нивниот кандидат.
Како што доликува на еден претседателски кандидат.
За разлика од мене тие пред очите на цела македонска јавност излегоа во алкохолизирана состојба, ги валкаа зборовите и едвај го прочитаа тоа што го напишале. Јас знам да се носам и со победите и со поразите. Нив, власта секогаш ги опијанува, а мене никогаш“, додаде Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

