Спорт
Порто го смени претседателот по 42 години
Хорхе Нуно Пинто повеќе не е претседател на Порто, а на негово место е избран поранешниот тренер на овој клуб Андре Вилаш Боаш.
Новиот претседател доби дури 80 отсто од гласовите, со што заврши најдолгата претседателска ера во светот на фудбалот.
-„Порто повторно е слободен“, изјави Вилаш Боаш откако беше избран.
Хорхе Нуно Пинто, беше претседател на трофејниот клуб од 1982 година. Кога го презеде, Порто беше далеку зад ривалите од Лисабон (Бенфика и Спортинг) по бројот на национални титули (седум), а 42 години подоцна имаат 30, дури 11 повеќе од Спортинг, а Бенфика е напред со 38.
Покрај тоа, Порто во неговата ера освои дури пет европски трофеи и два Интерконтинентални купа.
Еден од тие пет трофеи како тренер го освои Вилаш Боаш, Лига Европа во 2011. Таа сезона, единствената во која беше тренер на Порто, ја заокружи со сите три домашни трофеи. Потоа ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит, Шангај СИПГ и Олимпик од Марсеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Влаховиќ успешно опериран, ќе паузира 14 недели
Душан Влаховиќ е успешно опериран во Лондон по повредата на левата аддукторна тетива, потврди Јувентус. Според првичните проценки, напаѓачот ќе биде надвор од терените најмалку 14 недели, што значи дека се очекува да се врати дури во март 2026 година.
Српскиот ас ја претрпе повредата за време на победата на Јувентус над Каљари во Серија А, по што веднаш отпатува во Лондон на консултација со стручњак. Операцијата, која ја извршија проф. Ернест Шилдс и Ровена Џонсон во присуство на клупскиот доктор Марко Фрески, беше извршена во клиниката „Мајо“ во Лондон.
„Играчот ќе ја започне програмата за рехабилитација од петок, 5 декември“, се наведува во соопштението на клубот.
Влаховиќ е вториот играч на Јувентус кој беше опериран вчера. Дефанзивецот Федерико Гати го оперираше менискусот на десното колено во Нант.
По операцијата, се огласи и Влаховиќ и напиша на социјалните мрежи:
„Се гледаме наскоро“.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо да ја брани титулата со Аргентина на теренот.
Осумкратниот освојувач на Златната топка, кој го слави својот 39-ти роденден во јуни, изрази желба да се натпреварува, но призна дека можеби нема да биде во составот.
Тој нагласи дека нема намера да му биде пречка на националниот тим.
„Не сакам да бидам товар“, рече тој пред ждрепката во Вашингтон.
Меси изрази загриженост за одржување на врвна физичка кондиција.
„Ќе имаме подготовки помеѓу, со неколку натпревари до Светското првенство, и ќе видиме како ќе одат работите ден по ден за да видиме дали навистина се чувствувам доволно физички подготвен за да бидам таму каде што би сакал да бидам и да можам да учествувам“, рече Меси.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, претходно изјави дека е свесен за „неизбежното заминување“ на капитенот. Тој изјави дека го вклучил Меси во националниот тим, но призна дека тимот „значително се развил во последните години“.
Foto/ EPA
Спорт
По 100.000 симулации, суперкомпјутерот пресмета дека Шпанија ќе победи на СП
Foto/ EPA
Ждрепката за Светското првенство во 2026 година ќе се одржи денес во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон. Церемонијата започнува во 18:00 часот по средноевропско време, а малку подоцна ќе биде познато како ќе изгледаат 12-те групи на досега најмасовното Светско првенство.
САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули ќе бидат домаќини на Светското првенство..
Ова ќе биде првото Светско првенство на кое ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, дури 16 повеќе отколку на Светското првенство во Катар 2022 година.
Ова значи дека вкупниот број на натпревари ќе се зголеми од 64 на 104.
Националните селекции ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи од секоја група и осум од 12-те третопласирани репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето.
Експертите од платформата „Фудбал мејтс дата“, специјализирана за применета фудбалска статистика, направија 100.000 симулации на претстојното Светско првенство за да гои одредат фаворитите пред ждрепката.
Суперкомпјутерот ѝ дава на Шпанија најголема шанса за титулата, пред бранителот на титулата Аргентина и актуелниот вицешампион Франција.


