Контакт

Македонија

Трајанов: На тие што на Плоштадот Македонија извикуваа УЧК, местото им е во Хаг, а не во власта

Објавено пред

Денес со присуство на над 400 делегати и гости, се одржа 7-от Конгрес на ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, на кој во своето обраќање, Павле Трајанов, нагласи: „На претстојните претседателски и парламентарни избори за одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава и дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција , деструкција и разградување на темелните вредности“.

dobivaj vesti na viber

„Демократскиот сојуз и јас како претседател ја отворивме политичката борба против недопирливите од ДУИ, партија која ги поткопа темелите на македонската држава, со криминал, деструкција и антимакедонска надворешна политика, и сигурен сум дека оваа партија треба да се делегитимира и испрати во опозиција. На тие што на Плоштадот МАКЕДОНИЈА, извикуваа УЧК, местото им е во ХАГ, а не во власта. По дуизацијата и криминализацијата на државата, сега водството на ДУИ најавува дестабилизација доколку не биде вклучена во власта, но од ваквите најави никој не се плаши затоа што граѓаните на Македонија без разлика на нивната етничка и верска припадност цврсто се решени да живеат заедно и да ја градат заедничката држава, Македонија“, рече Трајанов.

Тој зборуваше и за приоритетите на Демократскиот сојуз, меѓу кои посебно ги посочи следните:

„Прво, коренити уставни промени односно нов Устав, поради тоа што Уставот и амандманите на истиот, го блокираат развојот, демократијата и ја промовира партизацијата и неодговорноста. Тука пред се, се неопходни реформи во судскиот систем, бришење на правилото на Бадентер, Балансерот итн.

Второ, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал.

Трето, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи: Македонскиот јазик да биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ, Образовните, историските и идентитетските прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциските процеси, и да се обезбеди реципроцитет со Бугарија со признавање на Македонското малцинство во Бугарија.

Четврто, системот за безбедност да се реформира, да поминат сите вработени преку „сито“, да се обезбеди континуирана обука и да се зголемат двојно платите. Не е во ред, ниту може да се очекуваат резултати доколку и натаму главен инспектор прима плата од 45 илјади денари, а јавен обвинител од 130 илјади денари.

Надворешна политика треба да биде во функција на нашите стратешки и национални интереси и усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред се на САД, треба да продолжиме со реформите во областа на одбраната како членка на НАТО“.

Трајанов кажа дека Демократки Сојуз е за слободна пазарна економија, бесплатно здравство и образование и создавање услови за младите да останат во Македонија.

„Демократскиот сојуз пред повеќе од година дена се повлече од парламентарното мнозинство поради тоа што ДУИ и СДСМ ја движеа државата во погрешна насока (крив правец), и веднаш потоа објавивме дека сме за градење на национално единство и заеднички настап на изборите со сите партии кои не се согласуваат со власта предводена од СДСМ и ДУИ“, рече тој.

На Конгресот на кој присуствуваа над 400 делегати и гости, беше избран Централен совет на ДС од 80 члена.

За претседател на Демократскиот сојуз е реизбран Павле Трајанов

Македонија

Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови

Објавено пред

Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Времето во наредните денови

Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.

Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.

Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.

Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.

Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Путин: Подготвен сум за војна со Европа; Америка: Ќе бидете во ред со помалку наши војници

Намалувањето на бројот на американски војници во Европа нема да ја загрози одбраната на континентот, изјави во вторник врховниот командант...

Свет1 час

Медиумите: Дронови забележани во близина на рутата на летот на Зеленски на пат кон Даблин

Ирската морнарица забележала околу пет дронови кои дејствувале во близина на рутата на летот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за...

Свет2 часа

Трамп сакаше да отпушти 250 вработени во Стејт департментот, судот ја блокира неговата одлука

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи за отпуштање на околу 250 вработени беше блокирана на суд во четврток, што...

Свет2 часа

(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка,...

Европа2 часа

Медведев за контроверзниот европски план: Ова може да биде повод за војна

Шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев вчера предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства...

Европа3 часа

Висок функционер: Нема знаци на напредок кон прекин на огнот во Украина

Висок претставник на Обединетите нации за Украина предупреди дека војната во Украина се влече без знаци на напредок кон прекин...

Свет15 часа

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија17 часа

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија19 часа

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија19 часа

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија20 часа

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...

Македонија20 часа

Ресторан на нива, одморалиште издавано без согласност, градинка без деца оти нема пат – ревизијата утврди серија нерегуларности во Свети Николе

Државниот завод за ревизија утврди серија нерегуларности во работењето на Општина Свети Николе за 2024 година поради што изрази неповолно...

Македонија22 часа

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија23 часа

Затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптопот најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет1 ден

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа1 ден

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет1 ден

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет1 ден

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет1 ден

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...