Македонија
Заев: По 30 години станавме членка на НАТО и дадовме придонес кон безбедноста на Балканот
„После 30 години ги исполнивме двете најголеми стратешки цели. Станавме членка на НАТО, за нас тоа значи безбедност и стабилност на овој мултиетнички Балкан, а втората цел беше почеток на преговори со ЕУ. Тоа за нас значи повеќе демократија, повеќе слобода, повеќе вредности што го очекуваа нашите граѓани, а ние продолжуваме во оваа насока, дека работиме добро во следните 3 години од 1-ви јуни 2017 година до 15 јули 2020 година каде што заврши мандатот за новата влада што ја водев јас, победивме и на следните избори во 2020 година, а јас подготвувам нова влада од 1 септември 2020 година“,рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата „People Power Academy“ во организација на невладината организација Канвас.
Тој додаде дека со СДСМ, се менува земјата целосно.
„По поразот на локалните избори во 2021 година дадов оставка затоа што тоа е демократски начин, некој треба да преземе одговорност и да испрати порака дека политичарите мора да бидат одговорни“, заклучи Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

