Македонија
Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Апел до граѓаните да заокружат 5 и да дадат што поголем број пратеници на Левица со цел да дадат поголема шанса на млади, неподмитливи луѓе во Собранието – ова е една од пораките на претседателот Апасиев, вчера од Штип.
„Целта на Левица на овие избори е да го кутне СДС под 20 и конечно, да ја пасокизираме СДС. Тоа се прогнозите, тоа се реалните очекувања и оваа теренска кампања тоа го покажува“, истакна Апасиев.
Она што се случи на Претседателските избори, за Левица е очекуван резултат, со оглед на тоа дека со претседателски кандидат се учествува првпат.
„На Парламентарните очекуваме солиден резултат со којшто ќе овозможиме моќта на уценување од албанските необалистички партии да премине, конечно, во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот наспроти сите антимакедонски сили коишто сакаат да внесуваат Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни парламенти, да менуваат Устав со кој ќе се бришат 20% и ќе влегува друг официјален јазик… Против сето тоа единствен бранител ќе биде Левица“, истакна Апасиев.
Левица пред штипјани ја претстави и својата програма, којашто е единствена различна од сите други програми.
„Само ние имаме програма со централно планирање, затоа што ние имаме Централна планска агенција, којашто треба да ја развие државата рамномерно, тоа што никој друг го нема. Со силни државни капацитети планираме сите дистрибутивни мрежи да ги национализираме. Јас зборувам за електродистрибутивната мрежа, за нафтената мрежа, зборувам за интернетот итн. Целта е и обичниот човек да види бенефит“, рече носителот на ИЕ3, Борислав Крмов од Штип.
На народниот собир се обрати и Александар Симонов, коносител на листа на ИЕ3:
„Планираме воведувањето на прогресивниот данок, како и ограничувањето на каматните стапки, укинувањето на извршителите останува една од главните определби кои имаме намера да ги воведеме со цел да ги заштитиме работниците, кои најчесто се класа на луѓе кои страдаат од овие неправди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека општината самоиницијативно се справува со зголемените количества отпад, иако надлежноста за комуналната чистота е на Град Скопје.
„Сликата е жалосна во цело Скопје, но ние во Аеродром не чекаме – дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла,“ изјави Митески.
Тој нагласи дека, пред да се воведат казни, неопходно е граѓаните да имаат услови каде да го одлагаат отпадот.
„За првпат како општина воведовме редовни акции коишто траат два месеци на пролет и на есен за одлагање на кабаст отпад, понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за првпат лиценциравме јавно комунално претпријатие коешто може да одвезува и да транспортира неопасен отпад“, рече Митески.
Во гостување на Телма, тој додаде дека Аеродром веќе има лиценцирано јавно комунално претпријатие што може да одвезува и транспортира неопасен отпад.
Покрај тоа, Митески најави и дел од инфраструктурните и еколошките проекти од програмата – топлификација на Лисиче, нов културен дом и зелена офанзива со засадување нови садници во соработка со инвеститорите.
Македонија
Во тек голема акција: Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, има приведени

Во тек е голема акција на финансиската полиција во Прилеп, поврзана со сомнежи за криминал во работењето на прилепската болница.
Според информациите за „Макфакс“, приведени се повеќе лица кои раководеле со болницата.
Од Основното јавно обвинителство, попладнево, соопштија дека Финнсиската полиција постапува по нивна наредба.
„Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работењето на прилепската болница. Акцијата е во тек“ соопштија од Обвинителството.
Повеќе детали ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.
Македонија
Мециновиќ: Не планирам да водам деструктивна политика, ќе соработувам со сите советнички групи

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на првата прес-конференција по почетокот на вториот изборен круг обвини дека Левица е неправедно исклучена од медиумскиот простор, откако АВМУ не ѝ дозволи политичко рекламирање.
Според него, со тоа, нанесен е удар врз демократијата, но најавува позитивна и проактивна кампања, иако, како што рече, условите не се рамноправни.
„Јас не сум најпаметен, ниту најдобар од сите скопјани“, рече тој. „Но знам дека скопјани заслужуваат град каде што нивниот глас нешто значи. Локалната политика е нашето секојдневие: улиците, воздухот, јавниот превоз, зеленилото. Тие работи не смеат да зависат од партиски договори“.
Тој порача дека нема да води деструктивна политика и ќе соработува со сите советнички групи. Нагласи и дека проблемите во претходниот мандат произлегле од партиски суети и лични конфликти. Ги повика и разочараните граѓани да излезат на гласање:
„Овојпат изборот е реален – старите партии веќе не се најголемиот фактор.“
На крај, му порача на својот противкандидат: „Подготвен сум на дебата, па и на јавен дуел под отворено небо. Нека народот нè слушне и избере.“