Забава
Хороскопски знаци кои не се за врска: за нив љубовта е забава
За некои луѓе љубовта е само забава. Овие хороскопски знаци кои не се за врска се дефинитивно едни од нив. По возбудливата ноќ, не треба да очекувате ништо друго.
Едноставно многу ќе се забавувате со овие хороскопски знаци. Тие се многу успешни во разделувањето на сексот и врската, па ако поминат возбудлива ноќ со вас, не значи дека ќе сакаат нешто потрајно или дека ќе развијат некакви чувства. Уживајте во моментот и не правете планови за иднината.
Хороскопски знаци кои не се за врска
Овен
Јасно е дека Овенот никогаш нема да каже не на секс и забава за една вечер. Тие се сметаат себеси за ловци и освојувачи, па нема шанси да одбијат ноќ на страст. Меѓутоа, проблемот е што нивниот интерес често трае само една ноќ. Потоа им е здодевно и сакаат нешто друго. Од друга страна, тие се навистина отворени и нема да ви дадат лажна надеж и нема да ветуваат дека ќе прават работи што нема да ги направат.
Бик
Биковите уживаат во телесните задоволства. Ќе се забавува со вас една вечер, но само сексот не е доволен за да посака повторно да ве види или да се обиде да направи нешто повеќе со вас. Тие сакаат многу повеќе само кога ќе ги исполните нивните стандарди, инаку нема да ги видите повторно. Претставниците на овој знак сакаат покрај сексуалниот план да се совпаѓате и во други работи. Тие сакаат да се чувствуваат безбедно со вас и да имаат стабилност.
Шкорпија
За Шкорпијата работите се за нијанса поинакви. Доколку имаат врска за една ноќ, за време на сексот можат да ги покажат своите слабости. А кога ќе заврши забавата, сите негови несигурности и фобии можат да излезат на виделина. Тоа е затоа што чувствуваат дека биле доволно ранливи и ги покажале своите слаби точки и сега треба да се заштитат и да се оддалечат од вас за да не мислите дека можете да ги имате или да ги држите во рака.
Стрелец
Стрелците се плашат од обврски и често не го мешаат сексот со врски и чувства. Лесно ја одвојуваат забавата од постојаното. Генерално, нема ни да ви дадат надеж за понатамошен развој на приказната доколку не добијат нешто повеќе. Освен тоа, претставниците на овој знак можеби мислат дека за оваа една вечер дале многу повеќе отколку што сакале да дадат, па сигурно нема да се потрудат повторно да ве видат. Тие се во свој свет, па не очекувајте љубов и преголема романса од Стрелецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

