Македонија
Тошковски во посета на ОВР Македонски Брод и ОВР Крушево
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на ОВР Македонски Брод и ОВР Крушево каде одржа работни состаноци со раководствата на двете организациски единици.
„ОВР Македонски Брод ги покрива Општините Македонски Брод и Пласница каде живеат околу 10 000 жители на прилично голема територија, додека ОВР Крушево ја покрива само Општина Крушево каде живеат околу 8000 жители.
Што се однесува до обемот на криминал и двете организациски единици бележат ниско ниво на евидентирани кривични дела и нарушувања на јавниот ред и мир“, вели тој и додава:
„Од аспект на човечки ресурси има солидна пополнетост, а состојбата со возила и материјално-технички средства е лоша и во иднина треба да се инвестира во овој дел. Објектот на ПК Самоков кој е во состав на ОВР Македонски Брод е во лоша состојба и поради несанирана кровна конструкција истиот е без струја, за што од страна на началникот биле пишувани проблемски информации, но проблемот се уштè постои“, издвои министерот Тошковски од денешниве посети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

