Спорт
Ванкувер ќе потроши 442 милиони долари за организација на Мундијалот

Проценетите трошоци за одржување на Светското првенство во 2026 година на „Би Си Плејс“ стадионот во Ванкувер, дупло се зголемиле во последните две години, изнесуваат 422 милиони долари.
Во март 2022 година беше најавено дека во Ванкувер ќе се одиграат пет натпревари на Мундијалот чии домаќини ќе бидат Канада, Мексико и САД. Во меѓувреме Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го зголеми бројот на натпревари на седум.
Документот се наведени торошоците на градот и покраината, заедно со работите на стадионот. Во ажурираните проценки влегуваат и факторите за сместување, работењето и барањата по посетата на ФИФА, зголемените претпоставки за инфлација и трошоците за основните услуги во јавниот сектор.
„Се разбира, ќе има повеќе трошоци и повеќе приходи, но ако се прошири на долг рок, придобивките се огромни и тие повеќе од сигурно ќе го исплатат тој дефицит“, рече градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим.
Владата на Британска Колумбија соопшти дека натпреварите ќе привлечат околу 350.000 фанови во покраината и ќе генерира повеќе од една милијарда канадски долари, околу 727 милиони долари во туризмот во петте години по турнирот.
За реновирање на стадионот „Би Си Плејс“ е планирана инвестиција од 142 милиони американски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“