Спорт
Трабзон се договорил со Баришиќ, го чека и Лундстрам
Борна Баришиќ (31) на крајот од сезоната го напушта Глазгов Ренџерс и ќе потпише договор со Трабзонспор. Шкотските медиуми, турскиот новинар Емре Сел и италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре пишуваат дека левиот бек хрватската репрезентација по шест години ќе го смени клубот.
Англиските медиуми пренесуваат дека Трабзонспор „ставил богати понуди на маса“ за Баришиќ и неговиот соиграч, англискиот играч за врска Џон Лундстрам (30), при што хрватскиот фудбалер прифатил.
Баришиќ наводно ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. На Лундстрам му бил понуден тригодишен договор, но тој се уште не го прифатил бидејќи е фокусиран на крајот на сезоната со Ренџерс.
Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган не сакаше да го потврди договорот со Баришиќ и преговорите со Лундстрам, но истакна дека се надева дека наскоро ќе склучи неколку зделки.
Тренерот на Ренџерс, Филип Клемент изјави дека не сака фудбалерите во иднина да заминуваат без обесштетуање и го посочи Баришиќ чии договори истекува и тој како слободен играч ќе го напушти „Ајброкс“.
Баришиќ играше за БСК од Бијело Брдо, Динамо, Локомотива и Осиек, во 2018 година замина во Ренџерс во трансфер вреден 2.450.000 евра. Досега со шкотскиот гигант освои три трофеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Кукавици, немате ма*иња“, Мурињо дивеел во соблекувалната на Челси по поразот од Барса
Поранешниот играч на Челси и англиски репрезентативец, Џо Кол, откри како Жозе Мурињо го запалил тимот по поразот од Барселона во 2005 година.
Годината е 2005 година. Стадион „Камп ноу“. Челси загуби од Барселона со 2:1 во првиот натпревар од осмина-финалето на Лигата на шампионите. А потоа – експлозија. Жозе Мурињо, тогашниот тренер на „сините“, влегол во соблекувалната и истурил сè што му лежело на душата. Џо Кол го открива тоа во својата автобиографија: „Играч за луксузни пригоди“:
„Вашиот прв голем тест како тим – и не успеавте. Дојдовте на ‘Камп ноу’ и се скривте. Кукавици. Нула храброст!“, Мурињо не штедеше никого, ниту Петр Чех, ниту Џон Тери, ниту Френк Лампард.
Им кажа дека Ето и Деко ги смачкале. Тој проколна на совршен англиски: „Вие проклети копилиња! Немате ма..ња!“ Тој сè кажа со лутина, презир и разочарување. Како сите да чекавме егзекуција. Само си помислив: „На секој од нив му дава по 20 секунди. Кога ќе дојде до мене, ќе паднам како покосен“.
Но, дојде редот на Џо и на Демиен Даф – и се случи чудо.
„Ни кажа дека игравме добро и дека се трудиме. Се чувствував како човек со врзани очи пред стрелачки вод – спасен во последен момент“.
Гневот на Мурињо беше систем – знаеше кога да скрши, а кога да крене
Кол ја опишува соблекувалната како темно место, но и момент што ги промени играчите. Никој не се осмели ниту да се закашла, но пораката беше примена. Во реваншот Челси поведе со 3-0 пред Барса дури и да се вклучи во натпреварот.
„Тој знаеше кога да те скрши, но и кога да те изгради. По реваншот, тој дојде до мене, ме прегрна и им извика на навивачите: „Џо Кол! Победивме благодарение на него“. Тоа беше негов начин да каже дека ми простил – и тогаш знаев дека сум успеал“.
Тренинг со Мурињо – пекол за телото, рај за главата
Конечно, Кол истакнува дека Мурињо не бил само мотиватор, туку и тренер што го менувал менталитетот на играчите.
„Тој нè тренира како никој дотогаш. Сè беше со топка, без прекин. Мораше да размислуваш додека играш. Физички те крши, но ментално те прави посилен“, рече Кол.
Португалецот беше во Челси двапати, од 2004 до 2007 година и од 2013 до 2015 година, а со „сините“ трипати ја освои Премиер лигата и Лига купот, како и ФА-купот во 2007 година и Суперкупот на Англија во 2005 година.
Спорт
Синер го скокна Алкараз – Италијанецот повторно е број 1
Јаник Синер, вчера го освои првиот Мастерс трофеј оваа сезона, во финалето во Париз го победи Феликс Оже-Алијасим (6:4, 7:6). Италијанецот по триумфот на Мастерсот во Париз, по два месеци се врати на челната позиција на АТП листата.
Јаник Синер на првото место има 11.500 поени, односно 250 повеќе од Карлос Алкараз, кој неочекувано во Париз испадна во втората рунда. Кој ќе биде прв на крајот од годината ќе биде решено на завршниот Мастерс во Торино.
Александар Зверев е на третата позиција со 5.560 поени, додека Американецот Тејлор Фриц е четврти со 4.735.
Новак Ѓоковиќ ја задржа петтата позиција, по него следува Американецот Бен Шелтон, кој се искачи за една позиција.
Австралиецот Алекс де Минор падна на седмото место, додека Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим го подобри својот ранг за две позиции и сега е осмиот тенисер во светот.
Италијанецот Лоренцо Музети и Норвежанецот Каспер Руд назадуваа за по една позиција. Музети моментално е деветти во светот, додека Руд е на 10-то место.
Спорт
Рома загуби од Милан и остана без Дибала
Паоло Дибала е трагичарот на дербито меѓу Милан и Рома. Аргентинецот промаши пенал во 82-та минута, при водство на противникот 1:0. Рома го загуби дербито и остана без Дибала, кој се повреди.
„Најлошото нешто во врска со пеналот е што Дибала се повреди. Мора да видиме колку долго ќе биде надвор од теренот, сигурно до крајот на репрезентативната пауза. Тоа е најголемата загуба за нас вечерва, откри тренерот на Рома, Џанпјер Гасперини.
Пауло Дибала, прв пат промаши пенал како играч на Рома, со што заврши неговата успешна серија од 18 успешно изведени пенали.
Ла Хоја не реализира пенал од 30 ноември 2021 година, кога беше непрецизен за Јувентус во дуелот со Салернитана.
По дербито на „Сан Сиро“ и победата на Милан, на врвот во Серија А е вистински метеж. Лидер е Наполи со 22 бода, а зад него се три екипи со бод помалку: Интер, Милан и Рома.
Foto/ EPA

