Спорт
Ројс по 12 години заминува од Дортмунд
Марко Ројс, поранешниот капитен на Борусија Дортмунд, го напушта клубот од „Вестфален“.
Челниците на „милионерите“ и 34-годишниот Ројс постигнаа договор да не ја продолжат соработката која исткекува на крајот од сезоната.
Во изминатите 12 години го носеше дресот на Борусија и постигна бројни успеси со клубот.
„Марко Ројс е еден од најголемите играчи на овој клуб. Роден е во Дортмунд, играше десет години во нашите јуниорски категории и 12 за првиот тим, долги години беше капитен на тимот. Неговата приврзаност кон Борусија е огромна. Му посакуваме се најдобро на Марко во иднина, се надеваме дека ќе ни се врати по завршувањето на кариерата бидејќи го чекаат уште предизвици во Дортмунд“, изјави првиот човек на клубот Ханс-Јоакаим Вацке.
Ројс беше капитен од 2018 до 2023 година.
На 424 натпревари за Борусија, тој постигна 168 гола и забележа 128 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда го растури Штутгарт, Џирона со Миовски падна во Грац
Црвена звезда и Штурм Грац ги забележаа првите победу оваа сезона во Лигата на шампионите. Џирона со Бојан Миовски доживеа (не)очекуван пораз во Штурм (1:0), а Црвена звезда го декласира Штутгарт во Белград (5:1).
На „Рајко Митиќ“ во Белград 40.000 гледачи видоа рапсодија на црвено-белиот тим. Српскиот првак го декласира германскиот вице-шампион со 5:1.
Не почна добро натпреварот за домашниот тим, Демировиќ му донесе предност на Штутгарт во петтата минута и тоа беше се од „швабите“ на овој натпревар.
Играчот на Штутгарт, на позајмица во Црвена звезда, Силас, во 12.минута по соло акција изедначи. Целосен пресврт домаќинот направи во 31.минута кога Круниќ го совлада Нибел.
Во вториот дел Црвена звезда ги затвори приодите кон својот гол и го уништи Штутгарт од контра напади. Постигнаа три гола, а можеа уште толку.
Иваниќ погоди за 3:1, а точка на мечот стави Радоњиќ со два гола.
Штурм во Грац ја забележа историската прва победа во ЛШ. Австрискиот првак ја победи Џирона со 1:0. Натпреварот го реши Бирет со голот во 59.минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот на теренот беше до 67.минута.
Спорт
„Ел Пистолеро“ го продолжи договорот со Интер
Уругвајскиот центарфор Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.
Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.
Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.
Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.
Спорт
Нова престижна награда за „златното момче“ на Барселона
Асот на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во светот, „Златно момче“. Најдобриот млад играч во изборот „Тутоспорт“ секоја година го избира новинарско жири од 50 експерти од најзначајните европски весници.
Од можни 500 поени во гласањето, Ламин Јамал освоил 488, објави „Тутоспорт“.
Ламин Јамал доби уште една индивидуална награда, претходно беше прогласен за најдобра млад игра на Европското првенство, а потоа истата награда ја доби и на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Петит пат откако се доделува наградата таа оди на Принејскиот полуостров. Претходни лауретаи беа Сеск Фабрегас (2006), Иско (2012), Педри (2021) и Гави (2022).