Македонија
Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Преседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска, заедно со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Даниел Стојчевски и останатите кандидати имаше средби со граѓаните во Куманово.
Во изјавата за медиумите Димитриевски упати неколку прашања до поранешниот премиер Ковачевски и, како што рече, луѓето коишто ја узурпирале социјалдемократијата во Македонија.
„Сакам да го прашам Ковачевски каде беше додека режимот на Груевски ја газеше Македонија, додека пратеници беа исфрлани од Собрание, додека луѓе маршираа по улици и се бореа за демократија и праведно општество? Каде беше Ковачевски кога крвави излеговме од Собрание? Дали беше во друштво на Мијалков и Груевски во свечената ложа на Македонската филхармонија и уживаше во концертите? Дали тогаш беше вистински социјалдемократ, како што денеска глуми загрижен
социјаладемократ? Воедно да го прашам дали таа социјалдемократија за којашто тој се бори е всушност истата којашто се откажа од Гоце Делчев, ги избриша АСНОМ-ските повелби од Уставот на Македонија, дополнително ги прогласи за админстратори, а не за бугарски окупатори. Учествуваше во менувањето на македонската историја и погубното потпишување на меѓудржавни договори со коишто се нанесе долгорочно зло на Македонија и на следните генерации“. Димитриевски истакна дека патот на ЗНАМ е јасен.
„Ние продолжуваме заедно со граѓаните напред. Нашата цел е да бидеме со граѓаните и без рзлика кој со каква иделогија
е да ги застапуваме соодветно во идниот парламентарен состав. Повеќе од убеден сум дека витинските социјалдемократи денеска се во ЗНАМ. Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став. А тие решија да ја уништат социјалдемократијата во целост грижејќи се за сопствените функции и позиции со тоа што се ставија самите себе си на
добитни места на пратеничките листи, кои се всушност листи за обезбедување на имунитет на сите оние коишто учествуваа во тешки кривични дела во државата за коишто треба да сносат одговорност, а воедно со тоа даваат еден лош пример на реалните социјалдемократи“.
Тој ги повика сите социјалдемократи, сите слободоумни граѓани да дојдат и да се приклучат во ЗНАМ.
„Во ЗНАМ има место за сите. ЗНАМ е граѓанска партија којашто не прави разлика помеѓу граѓаните ниту на верска, ниту на етничка,ниту на било која друга основа. ЗНАМ е место за сите, мместо кадешто сите Македонци и сите останати граѓани на Македоннија можат да се обединат“, рече Димитриевски и упати честитка за претстојниот празник.
„Во оваа прилика сакам да им го честитам претстојниот празник на сите христијани од православна исповед и да посакам здравје и среќа. Воедно ве повикувам заедно да се бориме против црно-сивиот свет којшто е изграден во овие изминати 33 години“, рече Димитриевски во изјавата за медиумите денеска во Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Коњановски вети големи проекти, како реконструкција на улици, нов мост и инвестиции во спортот

На денешниот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој ги претстави проектите и инвестициите што се реализираат во градот.
Коњановски истакна дека општината вложува во инфраструктурата преку целосна реконструкција на улици со водоводна и канализациона мрежа. Според него, веќе е завршена првата третина од комплетната реконструкција на 800-метарскиот влез во Битола – долгогодишен проблем на градот.
„Направивме над 50 километри улици и во урбаните и во руралните средини. Улицата Бурса го решава густиот транспорт, влезот спрема Охрид е дооформен со нов мост, а реконструирани се и неколку поголеми улици како Крушевска Република и Стив Наумов“, изјави Коњановски.
Градоначалникот најави и големи инвестиции во спортот – реконструкција на стадионот „Петар Милошевски“, изградба на нова боксерска сала, велосипедски патеки и памп трака за рекреација.
„Стадионот го подготвуваме во полн сјај за претстојните натпревари, реконструкцијата на јужната трибина е огромен проект за градот. Во непосредна близина изградивме нова боксерска сала на местото на старата руина, а реконструиравме и спортска сала која по многу години повторно ги исполнува условите за Лигата на шампионите“, рече Коњановски.
Покрај тоа, општината веќе изгради два нови паркинга, а со проектите поддржани од Владата се очекуваат уште пет. Битола издвојува и значителни средства за спортските клубови – над 1,5 милиони евра годишно.
„Првите велосипедски патеки се завршени – повеќе од 5,5 километри со комплетно обележување, но тука не застануваме“, додаде градоначалникот.
Македонија
Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат праксата на приватните болници и ќе утврдуваат дали се извршувале непотребни операции кај пациенти.
„Еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е од Италија, а за третиот се разгледуваат кандидати од Австрија и Германија“, изјави Алиу за ТВ 24.
Министерот нагласи дека ангажирањето на странски експерти е направено за да се обезбеди поголема објективност и точна проценка на состојбата во приватните здравствени установи.
Во меѓувреме, Министерството за здравство ја подготвува и методологијата по која ќе се опфатат здравствените установи од приватниот и јавниот сектор. Од приватните болници ќе се бара до 15 септември да достават целосен список на интервенции до Министерството.
Овие мерки следат по изјавата на професор д-р Сашко Кедев дека во одредени приватни болници се извршувале операции за профит, иако тие интервенции не биле медицински неопходни.
Македонија
Изјавите на премиерот се опасни и провокативни, велат од ДУИ

Денешните изјави на премиерот Христијан Мицкоски, според ДУИ, не претставуваат само „чисти клевети“ и обид за сокривање на кризата на легитимитетот на неговата влада, туку се и опасни, бидејќи можат да поттикнат етнички судири.
„ДУИ отсекогаш била гаранција за слободни и демократски избори. Немаме никаква причина да се вклучуваме во ‘тајни планови’ или ‘хаос’, како што тврди Мицкоски“, велат од партијата.
Во соопштението се потенцира дека премиерот, наместо да измислува непријатели, треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот и дискриминира Албанците, зошто го намалува бројот на советници и ја инструментализира ДИК, Уставниот суд и другите институции во корист на партиските и моноетничките планови.
„Со секоја одлука ја враќа државата назад во времето пред 2001 година“, се наведува во реакцијата.
ДУИ предупредува и на штетната соработка помеѓу ВМРО и СДСМ, која, според партијата, го дискриминира претставувањето на дијаспората и го крши Охридскиот рамковен договор.
„Добро е ВМРО и СДСМ да ја прекинат нивната соработка на штета на Албанците и другите заедници, спротивно на Уставот и законите“, порачуваат од ДУИ.
Партијата истакнува дека октомвриските избори ќе бидат тест на граѓанската волја и референдум за политиката на страв, манипулации и демонтажа на мултиетничката држава.
„Демократијата не се плаши од невистинити изјави. Ниту Албанците, ниту Македонците не заслужуваат да бидат водени од клевети и лажни сценарија. А каде ќе биде ДУИ, тоа зависи единствено од народот“, заклучуваат од партијата.