Контакт

Македонија

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Објавено пред

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, и дополнителниот заменик-министер, Митко Бојмацалиев, во говорите уште еднаш покажаа дека поинаку гледаат на состојбите во македонската полиција. Бојмацалиев, кој говореше прв, а го слушаа само првите неколку редови гости и полицајци оти голем дел од столчињата беа празни, смета дека полицијата е модерна и европска. За разлика од него, техничкиот министер Тошковски го шокирале условите во кои работат полицајците.

dobivaj vesti na viber

„Овој празничен момент не е време да држиме долги политички говори, туку да се осврнеме на клучното во полициската професија, а тоа се нашите колеги, полициските службеници, кои секојдневно посветено и неуморно ги извршуваат своите службени задачи. Им оддавам признание на колегите што не се со нас, вечна им слава. Северна Македонија е прогласена за најбезбедна земја на Западен Балкан од страна на глобалниот индекс за мир бидејќи вложувавме во развојот на модерна и европска полиција. Вложивме 17 милиони евра во подобри услови и изградба на полициски објекти, 14 милиони евра за нови униформи  и опрема, ја покачивме платата 35 отсто и ги исплативме сите бонус плати. Единствено, жалам што немавме кога да издадеме уште една монографија за периодот 2022 – 2024 година бидејќи во тој период се реализираа многубројни достигнувања за државата и полицијата. Благодарам од срце за сите убави моменти од 2017 до денеска. Со гордост можам да кажам дека успеавме МВР да го направиме МВР за граѓаните. Уверен сум дека создадовме одлични услови за полицијата да остане непоколеблив бедем за заштита“, рече Бојмацалиев.

Веднаш по него, техничкиот министер Тошковски, заблагодарувајќи им на полицајците, кажа дека работат во недостоинстевни услови.

Ни најмалку не очекував дека ќе се соочам со толку недостоинствени услови за работа на припадниците на полицијата, рече техничкиот министер Тошковски

„Утре навршуваат 100 дена од моето раководење со оваа значајна институција, 100 дена макотрпна работа, во кои го дадовме најдоброто од себе за да им служиме на граѓаните. Кога ја добив честа да бидам назначен на оваа позиција во рамките на техничката Влада, знаев дека ме очекува напорна задача и знаев дека сум исправен пред тежок и сериозен предизвик, но ни најмалку не очекував дека ќе се соочам со толку недостоинствени услови за работа на припадниците на полицијата, а истовремено и дека ќе сведочам на толку неизмерна желба меѓу нив за професионално и чесно да си ја вршат својата должност и да им помагаат на оние на кои тоа им е најпотребно. Краток период, би рекол, но сметам дека е и повеќе од доволен за да увидам одблиску дека во полициските редови сѐ уште има чесни луѓе, луѓе што си ја сакаат татковината и луѓе што работат за нејзино добро“, рече Тошковски.

Свеченоста почна со празни столчиња

Тој е задоволен што под негово водство полицијата успеала да обезбеди фер и демократски избори. Најави нова ера во Министерството, каде што унапредувањето ќе се врши исклучиво врз основа на мерит-систем, а платите ќе го одразуваат непроценливиот придонес што го даваат полицајците за општеството.

„На истекот на овие 100 дена научив една многу важна лекција, која се надевам дека ќе одекне меѓу сите вас што сте тука денес. Можеби хероите во филмовите носат наметки, но хероите од нашата реалност носат полициски униформи“, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Тошковски.

Тој им врачи благодарници и плакети на најдобрите полицајци, а присутните проследија и прелет на три полициски хеликоптери.

Македонија

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Објавено пред

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.

Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија12 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија12 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија14 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија15 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ15 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија15 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија17 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија17 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија18 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет19 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет19 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет19 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа19 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа20 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа20 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет20 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...