Свет
„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти
Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти. „Астра Зенека“ почна со повлекување на вакцината за Ковид-19 во светот поради „вишокот достапни ажурирани вакцини“, кои таргетираат нови варијанти на вирусот, пишува британскиот „Гардијан“. Соопштението дојде кога фармацевтската компанија доброволно го повлече одобрението за ставање во промет на лекот во Европската Унија во март.
Вчера, Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека вакцината повеќе не е одобрена за употреба. Во соопштението за печатот „Астра Зенека“ рече дека одлуката е донесена бидејќи сега има голем број нови достапни вакцини, кои се приспособени на новите варијанти на коронавирусот. Ова доведе до пад на побарувачката за вакцината на „Астра Зенека“, која повеќе не се произведува или снабдува.
„Според независни процени, повеќе од 6,5 милиони животи беа спасени само во првата година од употребата, а над 3 милијарди дози беа испорачани во светот“, се вели во соопштението на „Астра Зенека“.
„Нашите напори беа препознаени од владите во светот и нашироко се гледаат како клучна компонента за ставање крај на пандемијата. Сега ќе работиме со регулаторите и нашите партнери за да се усогласиме на јасен пат напред и да го затвориме ова поглавје и да дадеме значаен придонес во борбата против пандемијата на Ковид-19“, соопшти фармацевтската компанија.
Другите земји веќе престанаа да ја снабдуваат вакцината. Не е достапна за употреба во Австралија од март 2023 година, иако нејзината употреба веќе беше повлечена од јуни 2021 година поради широката достапност на понови вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

