Спорт
Ал Келаифи полуде на прашањрто за тренерот: Дали вие го разбирате фудбалот?
ПСЖ не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Среќата ги напушти „светците“ во натпреварите со Борусија Дортмунд. Во реваншот упатија 31 удар кон голот на Кобел, четири пати ја погодија стативата.
Сезоната, ПСЖ ќе ја заврши само со титулата во домашното првенство, која по доаѓањето на катарските газди се подразбира.
Сепак, со доаѓањето на Луис Енрике, клубот ја смени трансфер политиката. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусире на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.
Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи полуде на новинарско прашање по испаѓањето од Борусија, каква е иднината на Енрике во клубот.
„Чекај, сериозно ме праша ли тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. ”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико ја одреди цената за Конор Галагер
Конор Галагер ќе може да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.
Новинарот, Матео Морето, кој ги следи случувањата во Атлетико, денес потврди дека Англичанецот има дозвола да преговара со други клубови, доколку некој е подготвен да плати 30.000.000 евра.
Тој пристигна како големо засилување од Челзи во летото 2024 година за 42.000.000 евра, но не ги оправда очекувањата.
Оваа сезона, кај Диего Симеоне најчесто е резерва, одигра 17 натпревари, но на теренот мина само 550 минути.
За Галагер има интерес во Премиер лигата, во финишот на летниот преоден рок се поврзуваше со Њукасл. Во Премиер лигата има за Чарлтон, Свонси, ВБА и Кристал Палас, пред да ја докаже својата вредност во Челзи.
Галагер има 25 години и се надева дека ќе може да му се наметне на тренерот Томас Тухел да го врати во националниот тим пред Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Џерард го критикува Керкез
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, отворено го критикуваше Милош Керкез, за изведбата против ПСВ. Џерард, истакна дека во текот на целиот натпревар правел големи тактички грешки, поради што Денис Ман често се наоѓал во поволна позиција и правел разлика на крилната позиција.
„Керкез речиси постојано грешеше. Неприфатливо е да ја брани посилната страна на противникот. Требаше да се спушта внатре, а тој му оставаше простор на напаѓачот“, рече Џерард, нагласувајќи дека дефанзивецот на Борнмут, платен 40 милиони фунти, им дозволувал на играчите на ПСВ Ајндховен премногу простор“, рече Џерард.
За да ја појасни својата критика, Џерард беше уште подиректен:
„Не е важно дали е Мо Салах или некој друг, во такви ситуации не можете да им дозволите да ве поминат со еден дриблинг. Керкез, според мене, беше целосно надвор од позиција поголемиот дел од натпреварот“.
Осврнувајќи се на Ливерпул и гореспоменатиот Салах, кој игра под очекувањата оваа сезона, Џерард смета дека проблемот не е индивидуално кај Египќанецот, туку кај целиот тим.
„Ливерпул е во многу тежок период. Кој и да е на клупата, секогаш би го ставил Салах на теренот. Тимот мора да ги има сите клучни играчи на располагање за да ја врати стабилноста. Тие примаат премногу голови, премногу лесно се отвораат во транзиција. Изгледаат ранливи штом противникот тргне во напад.“
Спорт
Ефес го отпушти Кокошков
Поранешниот селектор на Словенија, Грузија и Србија, Игор Кокошков, повеќе не е тренер на Анадолу Ефес.
Србинот доби отказ по катастрофалниот пораз од Монако (102:66).
„Анадолу Ефес се раздели со тренерот Игор Кокошков.
Му благодариме за неговиот придонес во нашиот клуб и му посакуваме успех во понатамошната кариера.
Нашиот тим продолжува да работи под водство на Радован Трифуновиќ додека не се назначи нов главен тренер.“
Кокошков се врати во европската кошарка ова лето, но од самиот почеток работите не одеа според очукувањата.
Во Евролигата, Ефес има биланс од пет победи и осум порази, а во турското првенство, шест победи и три порази.
Кокошков е петтиот тренер што доби отказ од почетокот на сезоната, по Јанис Сверопулос (Црвена звезда), Еторе Месина (Олимпија Милано), Џоан Пењароа (Барселона) и Жељко Обрадовиќ (Партизан).

