Спорт
(Видео) Олимпијакос е финалист во Конференциската лига, за трофејот ќе игра против Фиорентина

Ривал на Фиорентина во финалето на Конференциската лига ќе биде Олимпијакос. Црвено-белиот тим ја совлада Астон Вила со 2:0 во реваншот од полуфиналето во Пиреја.
Грчкиот тим се пласираше во првото финале во натпреварување организирано од УЕФА, благодарение на Ајуб Ел Каби, кој погоди двапати во 11. и 79. минута. Репрезентативецот на Мароко во двата натпревари против Астон Вила постигна пет од шестте голови на Олимпијакос.
Домашните брзо поведоа пред своите гледачи, во 11.минута Ел Каби го прифати додавањето во шеснаесетникот, брзо реагираше и упати удар кој заврши во долниот десен агол.
Со оглед на тоа што грчкиот тим имаше 4:2 од првиот натпревар, овој резултат им одеше во прилог во текот на целиот натпревар. За нов гол се чекаше до 79.минута и повторно стрелец беше Ел Каби.
Олимпијакос за трофејот ќе се борис со ланскиот финалист Фиорентина. Финалето ќе се игра на 29.мај, на стадионот на АЕК во Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чаби Алонсо може да замине, но само во некој од неговите поранешни клубови

Се погласни се гласините дека Чаби Алонсо е приоритет на Реал Мадрид и дека е потенцијална замена за Карло Анчелоти.
Кон крајот на минатата сезона Чаби Алонсо се поврзуваше со Ливерпул, но ниту еден момент не сакаше да се вмеша во никакви шпекулации. Имаше мисија, да ја освои титулата и со тоа да ја круниса сезоната во која Баер без пораз стана германски шампион.
Алонсо и сега не коментира ништо што не е конкретно поврзано со неговиот тим и натпреварите кои претстојат, но медиумите повторно се занимаваат со шпекулации.
Едно е сигурно дека Баер нема да му застане на патот на Алонсо доколку тој сака да го напушти клубот.
Алонсо има излезна клаузула во договорот, која ја потврди и Баер.
„Доколку се појави клуб за кој играше Чаби во кариерата, ќе седнеме и ќе разговараме. Нема да го спречиме ако сака да си замине“, изјави Фернандо Каро де Прада, извршен директор на тимот од Леверкузен.
„Чувството е дека шансите се 50:50. Нема да чекаме до крајот на сезоната. Мораме да донесеме одлука што поскоро бидејќи тоа влијае на нашите планови, на тимот и на подготовките. И ние и Чаби сме свесни за тоа. Тоа е одлука што не можеме да ја одложиме и таа мора да биде донесена релативно брзо”, изјави Каро за „Скај Спорт Германија“.
Според информациите, менаџерот на Алонсо веќе е во контакт со Реал и одлуката ќе биде позната многу брзо.
Спорт
Ѓоковиќ: Не знам кога ќе се пензионирам, дали ти знаеш?

Новак Ѓоковиќ за точно еден месец полни 38 години, многумина се прашуваат уште колку ќе игра, меѓу нив е и новинарот на шпански „АС“.
„Не знам, дали ти знаеш“, возврати со смеа најдобриот тенисер на сите времиња, додека Шпанецот инсистираше да добие одговор: „Не знам, да почекаме“.
Ѓоковиќ синоќа беше во Мадрид на доделувањето на наградата Лареус на најдобрите спортисти во светот. Тој му ја врачи наградата на брилијантниот шведски атлетичар Арман Дуплантис.
😱 ¡@DjokerNole habla sobre su retiro! pic.twitter.com/ptSzIQJ5r1
— Diario AS (@diarioas) April 21, 2025
Спорт
(Видео) Брејк на Детроит во Њујорк

Детроит Пистонс ја забележаа првата победа во НБА плејофот од мај 2008 година.
Пистонс го совладаа Њујорк Никс со 100:94 во „Медисон Сквер Гарден“ и израмнија на 1:1 во првото коло од Источната конференција.
Како и на првиот меч, Пистонс во последниот период од натпреварот влегоа со осум поени предност, но младиот тим од Детроит повторно им дозволи на Никс да врати во натпреварот со своите грешки и на нешто повеќе од минута до крајот домаќините израмнија на 94:94. Сепак, за разлика од првата средба во која му дозволија на ривалот да ја искористи таа динамика (Никс направија 21:0 во 4/4), овојпат Пистонс возвратија.
Денис Шрудер погоди тројка на 55 секунди до крајот за да ја прекине серијата од 15 порази во плејофот.
Кејд Канингем ги предводеше Пистонс со 33 поени (11/21 од поле), со 12 скока и три асистенции. Шрудер додаде 20 поени (3/5 тројки) со три загубени топки, додека Тобијас Харис со 15 поени и 13 скока и Џејлен Дурен со 12 поени и 13 скока со три блокади забележаа дабл-дабл.
На Никс не им помогнаа 37.поени на Џејлен Бренсон (12/27, 4/12 тројки), заедно со седум асистенции.
Микал Бриџис додаде 19 поени со пет скока и три украдени топки, додека Оу-Џи Ануноби, Карл-Ентони Таунс и Џош Харт постигнаа по 10 поени.