Македонија
(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов
Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на граѓанската волја на двојните избори и тоа заедно со Владата го исполниле.
„Спроведовме европски избори во слободни, фер процеси и во двата изборни круга. Избори што ќе се спомнуваат како може да се сработи во интерес на граѓаните и државата. Придонесовме во европското поведение на земјата, која се стреми да биде членка на ЕУ. Изразувам благодарност до институциите и граѓаните, беа на висина на одговорноста и придонесоа кон нашите искрени заложби државата да напредува според европските вредности. Вака на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав затоа што иднината на Северна Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредок во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство до 2030. Шансата е пред државата и пред новата влада, исто така и одговорноста“, рече Џафери.
„Со чист образ, мирна совет и должна почит кон граѓаните можам да оценам дека она што најавив кога стапив на должност пред 100 дена – го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер како прв премиер Албанец на Северна Македонија е уште еден придонес за демократијата“, додаде Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку општини во Скопје денеска без струја
Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);
– Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);
– Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);
– Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).
Скопје
Посебен режим на сообраќајот во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Сончево време со температура до 25 степени
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.