Регион
Чамец со туристи потона во Бледското езеро во Словенија
На езерото Блед во Словенија, кое секоја година го посетуваат голем број посетители од просторот на поранешна Југославија и околните земји, вчера за малку ќе се случеше трагедија кога, според словенечките медиуми, потона чамец со четворица туристи.
За среќа, тие биле спасени од смрт со брзата реакција на пожарникарите и нуркачите.
„Во 11 часот и 20 минути потона туристички чамец со четворица туристи на Бледското езеро кај вилата Златорог во Блед“, соопшти полицијата на Горење, а јави познатиот словенечки портал siol.net.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Силен земјотрес ја погоди Грција, луѓето на плажите во паника
Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција.
Според првата снимка на Геодинамичкиот институт во Атина, земјотресот се случил во 20:34 часот, а неговиот епицентар се наоѓа на 10 километри југозападно од Андравида.
Фокусната длабочина на земјотресот била 14,1 км.
Потресот особено бил почувствуван во Илија, Ахаја и Закинтос.
Корисниците на социјалната мрежа „Х“ коментираат дека тресењето било толку силно, што било забележливо дури и на плажите.
„Некаде таму имаше 4.8 пред малку. Добро го слушнавме на плажата каде што сме“
Κάπου εκεί μέσα έκανε 4,8R πριν από λίγη ώρα. Τον ακούσαμε καλά και στην παραλία που είμαστε.#Σεισμος #Ηλεια #Κυλληνη pic.twitter.com/eNcjIRBQwb
— Romanos 🇬🇷 (@Mead_KDA) July 6, 2024
„Се слушна и на плажата во Пиргос…#земјотрес“
Ακούστηκε και στην παραλία στον Πύργο…#σεισμος
— Legian (@Legian28101878) July 6, 2024
„4.9 на плажата Вартоломеј во фокусот…“
4.9 στην παραλία του Βαρθολομιού το επίκεντρο…#σεισμος
— Chris Pro (@Chris__Pro) July 6, 2024
Засега нема пријави за штети или повредени.
Регион
Австријка се изненадила од цените во хрватски ресторан: аперол 12 евра, „поскап отколку во најскапиот германски град“
Австријка која отишла да ја посети Хрватска не можела да си поверува кога ја видела сметката во ресторан во Ровињ. Само за три Аперол Шприц морала да плати 36 евра, додека вкупната сметка била 437 евра.
Тоа значи дека цената на еден Аперол изнесува дури 12 евра.
Високите цени на Аперол Шприц неодамна предизвикаа гнев кај клиентите во Германија, па дури и во најскапиот град на таа земја – Минхен. Според t-online.de, на пример, Аперол чини „само“ 11,50 евра во луксузната шопинг улица Масимилијанштрасе. Прескапо за многумина – но сепак малку поевтино отколку во хрватски ресторан во Ровињ.
Но, не само што цената на овој коктел е висока, австриската гостинка била непријатно изненадена и од сумите што морала да ги плати за „обични“ нарачки, како леб и вода. Во споменатиот ресторан векна леб чини 6,50 евра, а шише минерална вода од 0,75 литри дури 8,50 евра.
Туристката од Виена морала да плати 38 евра за три шишиња вода и леб, а имало и три хрватски пива за вкупно 24 евра.
Регион
Поскапуваат патарините во Србија, познати се новите цени
Владата на Србија даде зелено светло за новиот ценовник на Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.
Новите цени на патарините ќе важат од 10 јули, стои во новата Одлука за висината на посебната такса за користење на јавниот пат, неговиот дел и патниот објект, што ја донесе Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.
Ова се новите цени на поединечните делници на српските автопати:
Белград – Шид: 500 динари (265 денари)
Обреновац – Прелина: 560 динари (295 денари)
Белград – Суботица: 800 динари (420 денари)
Белград – Врбас: 470 динари (250 денари)
Белград – Ниш југ: 1.130 динари (595 денари)
Белград – Димитровград: 1.670 динари (880 денари)
Белград – Баточина: 500 динари (265 денари)