Контакт

Култура

Доделено Гран при на „Остен биенале Скопје 2024“ на Микеланџело Пистолето

Објавено пред

На 11 мај 2024 (сабота) „Остен арт“ – Скопје му ја врачи официјалната награда Гран при за животно остварување на „Остен биеналето Скопје 2024“ на еден од најголемите уметници на денешницата – Микеланџело Пистолето.

dobivaj vesti na viber

Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современата уметност во Белград како дел од програмата во рамките на неговата самостојна изложба „Превентивен мир“. Официјалното Гран при – скулптура од Петар Хаџи Бошков, на маестро Пистолето му ја врачи Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен Скопје“.

Настанот беше организиран во соработка со Музејот на современата уметност на Белград, Србија, „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност (https://bit.ly/4acredW) Рим, Италија и Марио Перони.

Доделувањето на највисоката награда предвидена во рамките на „Остен биенале Скопје 2024“ е најважниот настан од годишната програма на Биеналето, која почна со изложбата „Тркало на времето“ од Марко Бањоли, Италија (23 април – 5 мај 2024) во НГМ – Чифте амам, со која се најави Италија како земја во фокус и континуирано се одвива со самостојни и групни изложби во Галеријата „Остен“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Отворено 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Р Албанија, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, министерот Љутков истакна дека фестивалот на дело потврдува дека културата и јазикот што го зборуваме се поголеми и позначајни од границите што нè одделуваат.

– Денеска преку уметноста, литературата, музиката и сите други форми на културен израз, ги споделуваме креативноста и талентот на македонските уметници, одржувајќи го континуитетот во развојот и промоцијата на македонската култура меѓу сите жители во овој дел на Преспа. Токму преку културата, преку секоја слика и збор, ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците – рече Љутков.

Тој додаде дека е ова уште една потврда за грижата за македонското малцинство во Албанија и за посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион, претворајќи го во значајна дестинација за културен туризам.

Министерот Љутков изрази благодарност до организаторите – Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ и Едмонд Сотир, до градоначалникот Колефски, до уметниците и до сите оние, како што рече, што со своето присуство придонесуваат овој фестивал да биде вистинско културно доживување.

На отворањето на фестивалот, публиката имаше можност да ги проследи изложбата на дела од академскиот скулптор Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторката Андријана Јаневска.

Во рамките на фестивалот што ќе трае до 6 јуни, публиката ќе може да проследи три театарски претстави и една претстава за деца.

Фестивалот, кој е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, има цел заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонскиот народ во Албанија.

Прикажи повеќе...

Култура

Монографија за Питу Гули од Кочо Топузоски

Објавено пред

Во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје, излезе од печат монографија за Питу Гули, историографски труд од познатиот македонски писател и публицист Кочо Топузоски.

dobivaj vesti na viber

Книгата е објавена во знак на одбележување на 120 години од загинувањето на легендарниот војвода од Мечкин Камен, Питу Гули (1865-1903), чиј животен и револуционерен век се поклопува со најзначајниот период од борбата на македонскиот народ за самостојност и за создавање национална држава, познат во историските традиции како илинденска епопеја.

Монографијата се појави во едицијата „Сведоштва“ и таа донесува обемен историографски материјал од архивски карактер, потоа од спомени, од изворни семејни кажувања, а користени се и материјали од весници, списанија и зборници. Книгата располага со низа факсимили од оригинални и до сега непознати документи и фотографии.

Кочо Топузоски (1951) е автор на повеќе книги од областа на поезијата и историографијата. Меѓу нив се и: Ноќни делби, поезија (1975); Питу Гули – живот и потоа, историско – биографски осфрт (1995); Болна прелест, поезија (2003); Питу Гули – живот и потоа, дополнето издание (2003); Никола Карев – живот и потоа, монографија (2005); Никола Карев – патешествија низ документи, монографија (2008); Препознавања, поезија (2012); Војводата Питу Гули, монографија (2015); Посланија и риданија, поезија (2016); Нафора мугреница, поезија – избор на македонски, албански и влашки јазик (2017); Ветераните на Илинден, историографија (2017); И жега и река, поезија – избор (2020); Илинденската споменица, историографија (2023) и Питу Гули, монографија (2024).

Прикажи повеќе...

Култура

„Собирачи на пердуви“ на Пројковски триумфира на фестивал во Србија

Објавено пред

Претставата „Собирачи на пердуви“ (Skupljaci perja), во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на Српско Народно Позориште од Нови Сад, ја освои првата награда на реномираниот Фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево. На овој традиционален фестивал кој се одржува веќе 11 години, публиката ги оценува претставите.

dobivaj vesti na viber

– Во сериозна конкуренција имаше пет претстави, а највисоката оценка (4,81) на годинешниот фестивал, на кој публиката имаше можност да ги искаже своите впечатоци од претставите што ги гледаше, со рејтинг и гласање, ја доби претставата „Собирачи на пердуви“ во продукција на Српскиот народен театар од Нови Сад, во режија на Дејан Пројковски, се вели во официјалното соопштение на Фестивалот.

Премиерата на претставата „Собирачи на пердуви“ се одржа во ноември минатата година во Нови Сад и важи за една од најголемите продукции во регионот, за која се бара карта повеќе.

„Собирачи на пердуви“ е по текст на Александар Петровиќ, по кој е снимен истоимениот култнен филм, добитник на Гран при на канскиот фестивал во 1967 година. Драматургијата и адаптацијата ја потпишува Сашо Димовски, сценограф е Валентин Светозарев а композитор е Оливер Јосифовски, кој музуката ја изведува во живо со извонреден оркестар на сцена. Во претставата играат 30 актери од СНП, меѓу кои и Марко Савиќ, Марта Береш, Милан Ковачевиќ, Александар Гајин, Јована Балашевиќи други.

– Повеќе од половина век подоцна, враќањето на „Собирачи на пердуви“ е враќање на реалноста на болката и радоста на слободата, убавината на френетичното живеење, автентичноста на животот, желбата и страста, смртта и еросот. Тоа е враќање на константа која, без разлика на промената на контекстот, останува иста. Нејзината суштина е отпорна на општествените промени и го претставува токму отпорот да се обликува во конвенциите на современиот свет: толку многу што создава свет доволен за себе. „Собирачи на пердуви“ е химна на слободата до која секогаш се доаѓа поради затворот пред сопствени очи, вели Пројковски.

Критиките и оцените кои ги доби претставата по премиерата се восхитувачки.

Па така, Милица Николиќ за претставата ќе напише:

„Одличната режија на Дејан Пројковски, маестралната глума и колоритната сценографија се феноменално заокружени со музиката (Бели Оли и Скупљачи перја оркестра), која не само што многу интензивно не воведува во целата приказна, туку и не држи во неа до самиот крај. Тоа е речиси од клучно значење во преведувањето на филмското платно на театарски јазик“.

Според Марко Радојичиќ претставата е театарски спектакл кој ги надминал сите очекувања и вели:

„За мене нема поголема радост од тоа кога ќе излезам од добра претстава полна со емоции и задоволство да ја гледам во целост. Безвременски текст на Аца Петровиќ во одлична адаптација на Сашо Димовски, маестрален ансамбл предводен од талентираните актерки Бојана Милановиќ и Марта Береш, но и од Марко Савиќ во главната улога, кој симпатично го долови ромскиот „крал на собирачите на пердуви“.

Ефективна сценографија на Валентин Светозарев и шармантните костими на Ивана Ристиќ и музика на Оливер Јосифовски кои го одбележаа секој сегмент од претставата!

И секако, сигурните режисерски способности на Дејан Пројковски да создаде театарска магија за нешто повеќе од два часа. Па, овој спектакл е толку добар што верувам дека ќе ја одбележи оваа (полу) сезона кај нас! Во чест на театарот кој ја промовира културата“

Инаку, на истиот фестивал во конкуренција беше и „Ричард III“ во режија на Пројковски, на Новосадскиот театар и истата се најде на второ место според освоените гласови од публиката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и...

Македонија18 часа

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија20 часа

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија20 часа

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија21 час

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија21 час

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ21 час

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија23 часа

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија23 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија1 ден

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион1 ден

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт1 ден

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија1 ден

Метеж на Табановце и Богородица, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија1 ден

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија2 дена

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија2 дена

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија2 дена

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија2 дена

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија2 дена

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...