Црна хроника
Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик на сметка на државниот буџет
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Д. Б. (45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и злоупотреба на службената положба и овластувањето и против Р. Б. (72) и А. Х. (40) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело помагање по член 24 во врска со кривичното дело злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство по член 275-в и злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот Д. Б. во својство вршител на должноста директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, на 22.2.2023 објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весника, на кој во својство на потенцијални закуподавци се јавиле М. С. и Ј. Б. од Тетово како сопственици на недвижен имот. Второпријавениот Р. Б. (татко на Д. Б.) стапил во контакт со М. С. и Ј. Б., кои имале дадено оглас за продажба на недвижен имот во Тетово, при што се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но најпрвин да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот.
Имено, на 2.3.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д. Б., од една страна и М. С. и Ј. Б., од друга, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М. С. и Ј. Б. и третопријавената А. Х. (сестра на Д. Б.). Потоа, М. С. како закуподавец паричните средства што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп ги вадела од својата сметка и во готовина на рака му ги давала на второпријавениот Р. Б. бидејќи во согласност со преддоговорот за продажба и нивниот меѓусебен договор имотот бил продаден на ќерка му.
Исто така, од страна на првопријавениот Д. Б., знаејќи дека ќе има потреба од реконструкција и адаптација на горенаведениот имот, на 30.0 1.2023 била донесена одлука за јавна набавка по што била спроведена постапка за јавна набавка за тековно одржување во централа, филијали, деловници, пензионерски домови. На 17.3.2023 Фондот со економскиот оператор од Тетово склучил договор за јавна набавка, а на 31.7.2023 бил потпишан и анекс-договор, врз основа на кој биле исплатени вкупно 9.915.238 денари со вклучен ДДВ.
Со ваквите дејства, пријавениот Д. Б., заедно со пријавените Р. Б. и А. Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така сестра му, пријавената А. Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од буџетот на РСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

