Свет
Досега 360.000 Палестинци побегнале од Рафа, објави Агенцијата на Обединетите нации
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/gaza.jpg)
Приближно 360.000 жители на Појасот Газа го напуштија градот Рафа во јужниот дел на палестинската енклава откога Израел нареди евакуација на дел од градот минатата недела, објави Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (UNRWA).
Во исто време, Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, изјави дека здравствениот систем е во опасност од колапс „во рок од неколку часа“ откако борбите ја блокираа испораката на гориво преку клучните премини, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Ние сме на само неколку часа од колапсот на здравствениот систем во Појасот Газа поради недостигот на потребното гориво за работа со генератори во болниците, амбулантите и за транспорт на персоналот“, се вели во соопштението на Министерството.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) минатиот понеделник почнаа со евакуација на Палестинците од источната периферија на Рафа пред израелските сили да влезат во областа.
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за Палестинците во Газа (UNRWA) соопшти дека приближно 300.000 луѓе биле погодени од наредбите за евакуација во Рафа и Џабалија, но дека бројките веројатно би можеле да бидат поголеми бидејќи станува збор за густо населени области. Речиси милион Палестинци, кои избегаа од конфликтот во другите делови на енклавата, најдоа засолниште во Рафа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Избран е нов патријарх на Бугарската православна црква
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/sofija-bugarija-3.jpg)
Бугарската православна црква го избра митрополитот Даниил за нов патријарх и митрополит софиски.
Ѕвоната во храмот на Александар Невски во центарот на Софија го најавија изборот на новиот патријарх, кој доби поддршка од 69 делегати на црковниот собор, додека митрополитот Григориј беше поддржан од 66 делегати, пренесе агенцијата БТА.
Патријархот се избира доживотно, освен ако не се пензионира.
На чело на Бугарската православна црква, Даниил Видински го наследи патријархот Неофит, кој почина во март на 78-годишна возраст, откако 11 години ја водеше црквата.
Новиот бугарски патријарх се смета за проруски настроен и тој застана на страната на Московската патријаршија во спорот со Вселенскиот патријарх во врска со независноста на Украинската православна црква, пренесе АП.
Даниил го критикуваше и протерувањето минатата есен на еден Русин и двајца белоруски свештеници обвинети за шпионирање за Москва.
Патријархот Даниил (52), роден Атанас Николов, студирал теологија во Софија, а потоа се замонашил во манастирот.
Тој припаѓа на првата генерација млади Бугари кои се приклучија на црквата по падот на комунизмот.
Европа
Маж со нож нападнал полициска патрола во Германија, убиен е
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/germanska-policija-1.jpg)
Маж вчера со нож нападнал тројца полицајци во близина на Нирнберг во Германија. Тој почина откако беше застрелан од полицијата на железничка станица, изјави портпаролот на полицијата.
Тој починал на местото на настанот, во јужниот град Лауф ан дер Пегниц, и покрај итните мерки за прва помош, изјави портпаролот.
Според полицијата, напаѓачот најпрвин нападнал полициски автомобил во патрола. Кога полицајците излегле од возилото, тој тргнал кон нив.
„Имаше нож“, рече портпаролот.
Портпаролот рече дека нема повредени полицајци и не даде детали за тоа колку истрели биле испукани, кој испукал или каде бил погоден човекот.
Тој, исто така, првично не го коментираше идентитетот на напаѓачот или позадината на неговиот напад.
Според портпаролот на полицијата, просторот пред станицата е ограден.
Свет
(Видео) Нереди во Франција по победата на десницата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/12338831.jpg)
Илјадници луѓе се собраа во Париз на протест против десницата по објавувањето на резултатите од првиот круг од парламентарните избори во земјата.
Француските медиуми пренесоа дека демонстрантите демолирале излози, а имало судири со полицијата која , пак, возвратила со солзаевц.
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во првите реакции по првиот круг од предвремените избори повика да се формира поширок републикански собир пред вториот круг од изборите. На европскиот самит во Брисел, откако минатата недела предупреди дека Франција ризикува „граѓанска војна“ доколку на власт дојде партијата предводена од Марин Ле Пен или левичарската коалиција „Новиот народен фронт“, Макрон рече дека неограничениот расизам и анти-семитизмот ќе бидат ослободени во земјата“.
🇫🇷Left-wing protesters gather at Place de la République in Paris to protest the far-right.#legislatives2024 pic.twitter.com/y3tViDDzlR
— NoComment (@nocomment) June 30, 2024
Изборите беа ненадејно распишани од Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.