Црна хроника
Кривична за битолчанец: во неговото возило пронајдени стари монети, дел од културно наследство
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(57) од Битола.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 од Кривичниот законик.
На 19.01.2024 во Битола, полициски службеници од Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство, во координација со полициски службеници од СВР Битола извршиле преглед на пријавениот и во патничкото возило кое го управувал биле пронајдени и одземени две монети кои во периодот од октомври 2023 година до јануари 2024 година ги набавил на нелегален начин и без дозвола од надлежен орган.
По наредба од Основното јавно обвинителство Битола монетите биле доставени до овластен вештак од областа на нумизматиката, кој изготвил извештај за извршена идентификација на нумизматички материјал и утврдено е дека монетите се од различен период, веројатно потекнуваат од различни локалитети и дека претставуваат културно наследство утврдено во Националната класификација на движно културно наследство и подлежат под заштита со Законот за заштита на културното наследство и Кривичниот законик на РСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје
Нуркачите спасија двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата.
Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Црна хроника
Уапсен водич на навивачка група во Тетово
Вчера во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група.
Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“.
Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

