Контакт

Македонија

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Објавено пред

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во Северна Македонија, пишува грчки „Катимерини“.

dobivaj vesti na viber

Извори блиски до Ципрас за медиумот откриле дека поранешните лидери го истакнале значењето на одржувањето на договорот од Преспа од 2018 година и продолжувањето на соработката меѓу нивните нации, особено напорите на Северна Македонија за пристапување во Европската Унија и стабилноста на регионот на Западен Балкан, стои во написот.

Тие ја истакнале загриженоста во врска со порастот на националистичкиот популизам од двете страни означувајќи го како лицемерен и опасен.

Двајцата политичари се согласиле да продолжат со иницијативи насочени кон одржување на мирот, зачувување на договорот од Преспа и поттикнување поблиски односи меѓу граѓаните на Грција и Северна Македонија.

Македонија

Филков-Агелер: Поддршка за реформите во правосудството и забрзување на евроинтегративниот процес

Објавено пред

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела Агелер на која се разговараше за спроведување на реформските заложби, засилување на борбата против криминалот и корупијата, состојбите во правосудството,затворите како и обезбедување на услови за непречено спроведување на предвидените активности.

dobivaj vesti na viber

Амбасадорката Агелер му посака успешна работа на Филков и очекува реализација на реформската законодавна агенда.

Министерот за правда Игор Филков порача дека промени мора да се испорачаат брзо затоа што граѓаните бараат резултати.

На средбата беше потврдена заложбата и посветеноста за натамошно развивање на билатералните односи меѓу двете земји како и продолжување на досегашната соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски – Дуџијак: Поздравена континуираната поддршка од ОН за севкупниот напредок на нашата земја

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ja прими постојаната координаторка на ОН во земјата, Росана Дуџијак.

dobivaj vesti na viber

На средбата стана збор за рамката за соработка за одржлив развој 2021 – 2025, при што беше нагласено дека нејзината имплементација ќе придонесе и за целосна реализација на целите за одржлив развој до 2030, на што земјава е во целост посветена.

Министерот се заблагодари на досегашната поддршка на Канцеларијата на резидентниот координатор на ОН во земјата во исполнувањето на нашите национални приоритети нагласувајќи ја посветеноста на новата Влада на реформските процеси и понатамошниот демократски развој.

Дополнително, беше поздравена континуираната поддршка од ОН за севкупниот напредок на нашата земја преку разни проекти и активности нагласувајќи дека тие им помагаат и на нашите клучни процеси, како што е процесот на пристапување во ЕУ.

Воедно, стана збор и за нашето учество на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи во септември оваа година, како и за календарот на активности во претстојните месеци.

Прикажи повеќе...

Македонија

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Објавено пред

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата на лекови кои се на товар на државата, министерот Таравари смета дека треба да се прави еднаш годишно.

dobivaj vesti na viber

„Јас чекам само директорот на Фондот да се назначи, затоа кажав за две недели и веднаш, по 15 години, ќе излеземе со нова позитивна листа, која повремено ќе биде ажурирана. Мислам дека таа листа треба да се обновува секоја година, меѓутоа ќе излеземе и со нов закон за лекови, со кој ќе обезбедиме квалитетни лекови во државата, но истовремено ќе побараме и рационално користење и припишување на лековите. Ни треба период со експертите, можеби и со претставници од сите поголеми политички партии, здравствени комисии, да седнеме да направиме еден закон што ќе биде одржлив и прифатлив за сите во периодот, да речеме, за следните десет години“, вели министерот Таравари.

Целта на измените ќе биде секоја болница во секое време да ги има потребните лекови, но нагласи дека особено ќе внимаваат на злоупотреби на лековите за што смета дека решение е дигитализацијата.

„Ни се случи Онкологија. Јас не би сакал да размислувам или да верувам дека има многу онкологии во Македонија, така што ќе треба интензивно да работиме и на дигитализација на здравството. Евентуално да се стават кодови во лековите за да имаме комплетна контрола и да има заеднички информатички систем за приватните и за државните јавни установи, стоматолошките, фармацевтските, а тука ги вклучувам и лабораториите, комплетно сè да биде дигитализирано и под контрола“, вели министерот Таравари.

Менување на позитивната листа на лекови најавуваа и сите негови претходници, но измени не се направија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија2 часа

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија2 часа

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија3 часа

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија3 часа

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ3 часа

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија5 часа

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија5 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија6 часа

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион7 часа

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт7 часа

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија8 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија17 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија17 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија18 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија21 час

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија23 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија1 ден

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија1 ден

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија1 ден

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...