Свет
Русија со предупредување: Западот се обидува да предизвика обоени револуции во централна Азија
Политиката на САД и нивните сојузници од НАТО и ЕУ може да доведе до обоени револуции во централна Азија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин, на отворањето на четвртата централноазиска конференција на меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.
„Соединетите Американски Држави и НАТО се обидуваат да ги вклучат земјите од централна Азија во таканаречените партнерски програми и обуки, тие не престануваат да навлегуваат на териториите на регионот во рамките на заедничките вежби, како и од распоредувањето на инфраструктурата во нив. Гледаме и дека во Вашингтон и Брисел играат нефер игра за да ја решат главната задача – да добијат пристап до базата на ресурси на регионот и контрола врз транспортните артерии лоцирани до него, како и врз користењето на водата. Тргнуваме од фактот дека по постигнувањето на овие цели, владите на земјите од централна Азија ќе престанат да бидат придружници на Западот, па, соодветно, и опасноста од обоени револуции, кои, како што е познато, Западот нашироко ги практикува, ќе се манифестира нашироко“, објасни Галузин.
Во тој поглед, тој истакна дека Русија била и продолжува да им биде сигурен партнер на земјите од централна Азија.
Истовремено, тој оцени дека овие земји се свесни за сите ризици и потенцијални штети од зближувањето со Западот и приклучувањето кон антируските санкции.
„Стратешката пресметка на нашите непријатели е очигледна – тие сакаат да предизвикаат раздор меѓу Русија и земјите од централна Азија. Очигледно е дека во странство и во Брисел наивно веруваат дека земјите од централна Азија нема да се спротивстават на западната експанзија“, изјави дипломатот, пренесува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на бегалци во Германија годинава достигна нов врв
Бројот на бегалци кои живеат во Германија годинава достигна нов врв, покажуваат денешните владини податоци, пренесува Дојче веле.
Околу 3,48 милиони бегалци со различни видови дозволи за престој живееле во Германија на крајот на јуни 2024 година, што е за приближно 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година.
Една третина од овие бегалци дошле од Украина.
Бројката вклучува и некои поединци кои се обврзани да ја напуштат Германија, но остануваат во земјата под политика на толеранција која опфаќа низа ситуации, како што се болест, недостаток на документи за идентификација или луѓе чии деца имаат дозвола за престој.
Статистиката беше дадена како одговор на барањето на партијата Социјалистичка левица во парламентот и првпат беше објавена од Ној Оснабрикер Цајтунг.
Свет
Лавров: Русија не сака ескалација, но западните политичари се однесуваат како деца
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија не сака да ги ескалира тензиите со западните земји, но дека, како што наведе, „политичарите на овие земји се однесуваат како деца“.
„Не сакаме ескалација. Се чини дека западните политичари навистина имаат менталитет на дете, иако како возрасни заземаат одговорни позиции: министри, премиери, канцелари, претседатели“, рече Лавров.
Лавров нагласи дека неколку месеци во светот се разговара за тоа како Русија наводно само се заканува и зборува за „црвени линии“.
Свет
Израелска армија: Убиени околу десет високи команданти на Хезболах
Портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека заедно со Ибрахим Акил, во денешниот израелски воздушен напад врз јужен Бејрут биле убиени околу десет високи команданти на либански Хезболах.
Хагари на прес-конференција рече дека Акил и другите членови на елитната единица Радван на Хезболах се собрале во подрумот на една зграда кога биле мета и убиени.
Весникот „Тајмс оф Израел“ наведува дека Хагари рекол дека тоа биле „командантите кои го подготвиле и го воделе планот на терористичката организација Хезболах за напад на северната територија на државата Израел.
Портпаролот на израелската војска тврди дека како дел од таа инвазија, Хезболах планирал упад на израелска територија сличен на нападот на Хамас од Газа на јужна израелска територија на 7 октомври минатата година. Тогаш започна војната меѓу Израел и таа палестинска исламистичка организација.
Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на платформата X објави дека ќе продолжи „секвенцата на акции во новата фаза“ од конфликтот со Хезболах додека не се постигне целта за безбедно враќање на Израелците раселени поради прекуграничниот конфликт во нивните домови.