Црна хроника
Тетовка пријавила дека и го украле прометот од казиното, па кажала дека излажала

Вчера во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 37-годишната А.К. од Тетово, извести МВР.
„Имено, на 09.05.2024 во 12.00 часот таа лажно пријавила дека околу 08.20 часот на паркинг простор од казиното каде што работела, едно лице со закана ѝ ги одзело парите од дневниот промет во казиното, а во текот на вчерашниот ден сама се пријавила во полициска станица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: нападнат фудбалер на гостинската екипа, кој завршил во болница

Синоќа, во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С. Б. (43) од истото село.
Тој, по завршувањето на фудбалскиот натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р. Н. (25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување помош.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ужас на автобуска постојка во Карпош: со закана со нож ограбени тинејџери

Синоќа Д.М.(44) од Куманово пријавил дека во периодот од 14.00 до 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет од неговиот 17-годишен син и нивен 15-годишен роднина одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пукано од автомобил во движење во Петровец

Синоќа во селото Петровец, од автомобил во движење, биле испукани неколку куршуми.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.