Спорт
Четири години подоцна „Франс Фудбал“ сака да му ја додели „Златната топка“ на Левандовски

Во 2020 година, магазинот „Франс Фудбал“ ја пропушти можноста да ја додели наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер. Поради пандемијата на коронавирус и се што се случуваше, наградата не беше доделена, но неправдата, пред се, кон Роберт Левандовски може да биде исправена, пренесува „Мундо Депортиво“.
Пред неколку месеци во Франција беше отворена истрага за доделување на „Златната топка“ за 2021 година.
Според тгласините, ПСЖ вршел притисок врз уредниците на „Франс Фудбал“ да му ја доделат наградата на Аргентинецот Лео Меси.
Левандовски заврши на второто место и наградата уште еднаш му побегна.
Но, со оглед на тоа што угледот на магазинот и самата награда се загрозени од истрагата, сега се разгледува можноста за ретроактивно доделување на наградата за 2020 година.
На овој начин би се исправила неправдата кон Левандовски кој блескаше таа година.
Полјакот таа година постигна 55 гола на 47 натпревари.
„Во 2020 и 2021 година ги имав двете најдобри години во кариерата. Неодамна еден пријател ми ја покажа статистиката, на 85 натпревари постигнав 100 голови. Секако дека би сакал еден ден да ја освојам „Златната топка“. Лут сум и тажен што сè уште ја немам, но чувствувам дека можев да ја освојам во една од тие две години да кажам вака, ако ја освојам наградата за 2020 година, четири години подоцна би ми било голема чест и би го прифатил“, изјави Левандовски неодамна во интервју за „Билд“.
Има шанси да се случи такво нешто, но се ќе зависи од одлуката на луѓето од „Франс Фудбал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бетис по шест ипол години го доби градското дерби

Фудбалерите на Бетис на домашен терен ја совладаа Севилја со 2:1 во 29. коло. Бетис по пауза од шест и пол години успеа да го победи градскиот ривал и да остане во трката за место во Лигата на шампионите.
Дербито „Севилјано“ или „Гранд дерби“ како што го нарекуваат Шпанците ги оправда очекувањата на фудбалските фанови, не само поради резултатот, туку и поради интензитетот на играта во текот на целиот натпревар и многуте тешки и бескомпромисни дуели.
Овој пат како победник излезе домашната екипа која славеше по пресвртот што се случи во првите 45 минути.
„Зелените“ имаа значително поголем посед на топка од самиот почеток на мечот, но прва погоди Севилја.
Се играше 17. минута кога Рубен Варгас налета на додавање на Лукебакио и со силен удар ја погоди мрежата на Адријан.
Радоста на гостинските навивачи траеше само осум минути, колку што му требаше на Џони Кардосо да ја заврши убавата тимска акција по левата страна со ефектен гол.
⚽️ GOAL: Johnny
🇪🇸 Real Betis 1-1 Sevillapic.twitter.com/8H1cqFnnPA
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 30, 2025
Кога се чинеше дека резултатот на полувреме ќе биде 1:1, се појави Кучо Ернандез кој мирно реагираше на мајсторското додавање на Иско и донесе целосен пресврт за „бетикосите“.
⚽️ GOAL: Cucho Hernández
🇪🇸 Real Betis 2-1 Sevillapic.twitter.com/ebeVCi76b9
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 30, 2025
Избраниците на Мануел Пелегрини изгледаа подобро во второто полувреме, а ударот на Антони брилијантно го одбрани Ниланд, а кратко потоа обидот на Кардосо заврши покрај голот.
Севилја се обиде да се врати во мечот, но не успеа, па Бетис вечерва го освои 47. бод и се наоѓа на петтото место во шпанската Примера. Севилја е на 11. позиција со 36 поени.
Спорт
(Видео) Наполи остана во шампионската трка, Милан остана без шанси да дојде до ЛШ

Фудбалерите на Наполи останаа во трката за титулата во Серија А, откако во дербито го победија Милан со 2-1.
Наполитанците го решија натпреварот во првите 20 минути. Политано погоди за 1-0 по додавањето од капитенот Ди Лоренцо во втората минута, а во 20.минута Лукаку ја зголеми предноста. Белгиецот го постигна 11. гол во Серија А од почетокот на сеозната.
Милан се разбуди дури на почетокот на вториот дел. Косенисао во рок од десет минути мораше да внесе тројца напаѓачи во игра, а еден од нив на крајот беше трагичар.
Во 69. минута за Милан беше досуден пенал, кој Сантијаго Хименез не успеа да постигне гол.
Сепак, Милан се врати во мелот во 84.минта со голот на Јовиќ , но не успеа да го избегне поразот. Српскиот репрезентаивец го постигна првиот гол за Милан по пауза од една година. Оваа сезона одигра само осум натпревари.
Наполи останува втор со 64 бодови, три зад Интер, додека Милан е подалеку од Европа, сега на деветтото место со 47 бодови.
GOL DO MILAN!!! ⚽
JOVIĆ DIMINUI pic.twitter.com/Itka96ZnN2
— Futebol Hoje ⚽ (@fut_hoje) March 30, 2025
Спорт
Маркез падна, Бањаја победи во Тексас

Победник на третата трка од сезоната во Мото ГП е возачот на Дукати, Франческо Бањаја. Ова е 40-та победа на италијанскиот возач во кариерата, а 30-та во првата класа.
Франческо Бањаја возеше со подобро темпо од претходните две трки, во четвртиот круг изби на второто место, пред Алекс Маркез, но и тогаш се чинеше дека неговиот тимски колега Марк Маркез е недостижен иако практично имаа исто темпо.
Марк Маркез направи голема грешка во деветтиот круг, излета од патеката и сериозно го оштети мотоциклот, во момент кога имаше водство од речиси две секунди. Франческо Бањаја во тој момент го презеде водството со 1,3 секунди предност пред Алекс Марекс, кого го престигна во четвртиот круг.
Предноста на Бањаја само растеше како одминуваше трката, Италијанецот остана концентриран и ја оствари првата победа сезонава. Зад него беа Алекс Маркез и Фабио ди Џанантонио, на второто и третото место.
Четвртото место го зазеде Франко Морбидели, пред Џек Милер. На шестото место се најде Марко Бецеки, а на седмото Енеа Бастианини. Лука Марини ја заврши трката на осмото место пред Аи Огура и Фабио Квартараро.