Свет
„Хаарец“: Хамас бргу ги обновува способностите и ги менува тактиките
Израелскиот весник „Хаарец“ наведува дека движењето Хамас забрзано ги обновува своите капацитети и повторно се активира во другите области на Газа.
Весникот цитира висок израелски офицер, чиј идентитет не беше откриен, кој вели дека во оваа војна Израел „учи да се натпреварува со Хамас“ бидејќи движењето неодамна ја промени својата воена тактика и се фокусира повеќе на поставување експлозивни направи во зградите.
Весникот, поврзан со израелската левица, додава дека неодамнешните операции во населбата Зејтун и други области покажале дека процените на војската за инфраструктурата на Хамас се неточни.
„Хаарец“ потврди и дека повеќето војници во израелската армија сметаат дека воената операција што ја почна армијата во Џабалија е апсурдна.
Во вторникот американскиот портал „Политико“ ги цитира официјалните претставници: „Можете да го деградирате, можете да го нарушите Хамас, но работите што му дозволуваат да се формира, да се развива и да расте, сѐ уште се таму“.
Порталот наведува дека разговарал со четворица американски претставници, кои рекле дека се согласуваат со мислењето дека е малку веројатно Израел да постигне целосна победа во Газа и дека сегашните израелски операции во Газа „вдишуваат живот во движењето Хамас“.
Изминатите неколку дена беа сведоци на очигледна ескалација на операциите на палестинскиот отпор предводен од бригадите „Ал-Касам“, военото крило на движењето Хамас, во разни области на Појасот Газа, откога Израел го попречи договорот за размена на затвореници предложен од посредниците и одобрен од Хамас.
Како што пренесува „Анадолија“, Израел објави дека до вторникот од почетокот на војната во Газа, која влезе во осмиот месец, загинале 620 израелски војници, а 3.456 се ранети. Информациите што ги изнесе израелската армија се цел на обвинувања од домашната јавност, која смета дека се крие реалниот број на загинати и ранети, кој е многу поголем.
Израел ја продолжува војната иако Советот за безбедност на Обединетите нации донесе резолуција за итен прекин на непријателствата и покрај фактот што Меѓународниот суд на правдата побара да се преземат итни мерки за да се спречи геноцид и да се подобри хуманитарната ситуација во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украински генерал: Обновивме делови од Покровско
Украина, според сопствените тврдења, обнови делови од градот Покровско. Според врховниот командант Олександр Сирски, украинските трупи сè уште се борат против масовни руски напади.
Одбраната на Покровско продолжува – рече Сирски.
Од средината на ноември, украинските трупи вратија околу 13 од вкупно 29 квадратни километри од градот. Според Киев Индепендент, украинските сили наводно дополнително го зајакнуваат своето присуство во регионот.
Сирски потврди дека украинските единици морале да се повлечат од позиција од пет до седум километри надвор од Покровско, каде што руските трупи почнале силно да напредуваат. Одбраната на тие позиции повеќе не била ефикасна, рече тој. Во последните денови и недели, беше објавено дека градот е „претежно“ опкружен со руски трупи, кои наводно контролираат 95 проценти од градот.
Во исто време, Сирски тврди дека соседниот град Мирноград не е опколен од руските сили, иако логистичкото снабдување е сè потешко. Сепак, функционер на НАТО процени поинаку, според извештајот на „Украинска правда“, во кој се тврди дека градот е опколен од руски војници.
Фото: депозитфотос
Свет
Лавров: Трамп е единствениот западен лидер кој ја разбира Русија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Доналд Трамп е „единствениот западен лидер“ кој ја разбира позицијата на Русија во врска со Украина.
Според државната агенција ТАСС, тој го пофали Доналд Трамп како „единствениот западен лидер“ кој покажува разбирање за позицијата на Москва во врска со Украина, пренесува „Скај њуз“.
Лавров се осврна и на Обединетото Кралство и на Европската Унија, велејќи дека двете страни се во „безнадежно политичко слепило“ и се залажуваат со илузијата дека можат да ја надминат Русија.
ТАСС, исто така, објави дека Лавров рекол дека Москва нема намера да војува со Европа.
Наместо тоа, Русија останува подготвена да одговори доколку во Украина бидат распоредени војници.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Објавена снимка од апсењето на Луиџи Манџионе во „Мекдоналдс“
На суд беше прикажана снимка од полициска камера која ги покажа моментите непосредно пред апсењето на Луиџи Манџионе, која наместо да биде клучен доказ, би можела сериозно да му наштети на случајот на обвинителството. Снимката од „Мекдоналдс“ во Пенсилванија стана фокус на правна битка што би можела да го одреди исходот од целото судење, објавува „Телеграф“.
Иако се очекуваше видеото да го поддржи случајот на обвинителството, одбраната сега го користи за да ја доведе во прашање легалноста на дејствијата на полицијата. Деталите снимени на видеото, велат адвокатите на Манџионе, ја зголемуваат можноста дека клучните докази против нивниот клиент се добиени нелегално.
Судот сега мора да одлучи за правната тежина и прифатливоста на самата снимка. Одлуката ќе биде клучна не само за судбината на Луиџи Манџионе, туку и за понатамошниот тек на едно од најгледаните судења во Соединетите Американски Држави.
Неговите адвокати тврдат дека полицијата не му ги прочитала правилно неговите уставни права пред да го уапси и дека ги претресла неговите работи без налог.
Манџионе е обвинет за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на „Јунајтед Хелткеар“, во Њујорк. Тој се изјасни за невин по федералните и државните обвиненија за убиство.
фото: Depositphotos

