Спорт
Џирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во ЛШ
Конзорциумот „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик на Манчестер сити, ќе мора да го намали својот удел во шпанскиот прволигаш Џирона со цел каталонскиот клуб следната сезона да се натпреварува во Лигата на шампионите за прв пат во својата историја, објави УЕФА.
Џирона, 47 отсто во сопственост на „Сити Груп“ од 2017 година.
На почетокот на сезоната во Џирона беа убедени дека ги следат правилата на УЕФА бидејќи конзорциумот од Емиратите нема мнозински удел.
Но, според писмото од Телото за финансиска контрола на клубовите (ЦФЦБ) на УЕФА, доволно е субјектот „да поседува 30 проценти или повеќе од капиталот на клубот или правата на глас“, или дури и само 10 проценти ако е негов главен акционер.
За да можат Манчестер Сити и Џирона да се натпреваруваат заедно во Лигата на шампионите, „Сити Груп“ ќе мора да го намали својот удел во каталонскиот клуб до 3 јуни, крајниот рок што го постави УЕФА.
Со цел да се избегне избрзана продажба на акции, што би била и економски неповолна, писмото на ЦФЦБ сепак им нуди на клубовите привремена опција, ограничена на претстојната сезона: трансфер на акции во фонд за доверба без права на инспекција, под контрола на УЕФА.
Минатата година, истото правило за повеќекратна сопственост доведе до три случаи против Тулуз и Милан, Астон Вила и португалскиот клуб Виторија, како и Брајтон (Англија) и Унион Сент Жилоа (Белгија).
УЕФА конечно ги затвори трите досиеја по „значајните промени“ во тие клубови за да го ограничи влијанието на нивните инвеститори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пелистер поразен во Полска од Висла
Ракометарите на Пелистер доживеаја пораз во Полска, кај Висла Плоцк 26:18. За македонскиот шампион ова е четвртиот пораз сезоната. Пелистерци во првите пет кола освоија само еден бод. Висла пак го запиша првиот триумф сезонава во која влезе со четири порази.
Пелистер лошо влезе во натпреварот, Висла создаде предност од седм гола (9:2), но откако играчите на Бранислав Ангеловски се консолидираа во одбраната успеаја да фатат приклучок.
Висла на полувреме имаше плус од два гола (13:11).
Сепак Пелистер не успеа да направи пресврт во вториот дел. Висла повторно ја сабилизира играта во одбраната, му дозволи на Пелистер за 30 минути да постигне само седум гола и на ктрајот да запише убедлив триумф.
Кузмановски со пет гола го предводеше Пелистер, кај Висла најефикасен со осум гола беше Михиќ.
За седу дена Пелистер во шестотот коло ќе го пречека Веспрем.
Спорт
Жалгирис надомести негатива од 27 поени и победи во Милано
Кошаркарите на Жалгирис со нестварен пресврт славеа на гости кај Олимпија Милано, 85:82.
Играчите на Жалгирис победија и покрај тоа што во третиот период двапати имаа минус од 27 поени.
Последната четвртина тие ја одиграа како во транс ја добија со 37:18 и го креираа вториот најголеми пресврт во историјата на Евролигата. Единствени кои направија поголем пресврт од Литванците по овој параметар се играчите на Проком, кои во 2013 година надонестија минус од 28 поени против Монтепаски Сиена.
Олимпија Милано на полувремето имаше предност од 49:31, а во третата четвртина беа на 64:37.
Литванците фатија ритам во последните десет минути, влегоа со -18 и направија чудо.
Постепено ја намалуваа разликата и на 34 секунди до крајот поведоа благодарение на поените на Буткевичиус.
Со слободните фрлања на Довидас Гедраитис ја потврдија победата на 16 секунди до крајот.
Довидас Гидераитис со 21 и Силван Франциско со 17 поени беа најефикасни во победничкиот тим.
Во тимот на Олимпија Милано, Никола Миротиќ постигна 17 поени имаше и 11 скоа, Шевон Шилдс постигна 14, а Зек Ледеј имаше поен помалку. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитирјевиќ забележа 11 поени, два скока и четири асистенции.
Спорт
Роналдо најплатен во светот – заработува двојно повеќе од Меси
Според извештајот на Форбс, Португалецот Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во светот.
Заработката на ѕвездата на Ал-Насра е огромна – 262 милиони долари. Во оваа бројка е вклучена и сумата што Португалецот ја собира од комерцијални активности.
На второто место на листата на најплатени фудбалери е најголемиот ривал на Роналдо на теренот, Аргентинецот Лионел Меси, член на Интер од Мајами, кој годишно заработува 124 милиони.
Трет најплатен фудбалер во светот е Бразилецот Нејмар со плата од 101 милион.
Зад него се Карим Бензема и Килијан Мбапе кои ја комплетираат листата на Топ 5 најплатени фудбалери во светот.
🤑 The HIGHEST paid players in the world this year:
1️⃣🇵🇹 C. Ronaldo (€263M)
2️⃣🇦🇷 L. Messi (€124M)
3️⃣🇧🇷 Neymar (€101M)
4️⃣🇫🇷 K. Benzema (€96M)
5️⃣🇫🇷 K. Mbappé (€83M)This is based on salaries and sponsorship income, before taxes, according to @Forbes. pic.twitter.com/OjZcGlyf4e
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) October 17, 2024