Спорт
Списокот на Нагелсман за ЕП – само двајца од Дортмунд, отпаднаа Гнабри и Горецка

Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман го објави поширокиот список на играчи на кои смета за претстојното Еверопско првенство.
На списокот го нема квартетот финалисти во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, меѓу најзаслужните за големиот резултат на „милионерите“ сезонава: Матс Хумелс, Јулијан Бранд, Карим Адејеми и Никлас Суле.
На списокот ги нема и фудбалрите на Баерн Серж Гнабри и Леон Горецка, како и Тимо Вернер.
Од шампионскиот тим на Баер Леверкузен има четворица играчи.
Во ростерот на Нагелсман има 27 играчи, што значи дека ќе мора да се откаже од уште еден играч за ЕП.
Голмани: Оливер Бауман (Хофенхајм), Мануел Ноер (Баерн), Александар Нибел (Штутгарт), Марк-Андре тер Штеген (Барселона)
Одбрана: Валдемар Антон (Штутгарт), Бенџамин Хенрикс (Лајпциг), Џошуа Кимих (Баерн), Робин Кох (Ајнтрахт Франкфурт), Максимилијан Мителштад (Штутгарт), Давид Раум (Лајпциг), Антонио Ридигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд Дортмунд), Џонатан Тах (Баер Леверкузен).
Среден ред: Роберт Андрих (Баер Леверкузен), Крис Фиерих (Штутгарт), Паскал Грос (Брајтон), Илкај Гиндоган (Барселона), Тони Крос (Реал Мадрид), Џамал Мусиала (Баерн), Александар Павловиќ (Баерн), Лерој Сане (Баерн), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен)
Напад: Максимилијан Бејер (Хофенхајм), Никлас Филкриг (Борусија Дортмунд), Каи Хаверц (Арсенал), Томас Милер (Баерн), Дениз Ундав (Штутгарт).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе Мартин се врати на патеката

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин, се врати на патеката по 81-дневна пауза. Шпанецот тестираше на патеката „Каталуња“ на супербајк мотоцикл.
Возачот на Априлија возеше само на една трка оваа сезона во Катар, каде што се здоби со фрактура на 11 ребра, што доведе до пневмоторакс, а претходно пропушти три трки поради фрактури на двете раце и едната нога.
Тестирањето во Монтмел е само првиот чекор за Мартин кон вистинско враќање на патеката, бидејќи неговите повреди сè уште не се целосно заздравени.
Медицинските прегледи дефинитивно ја исклучија можноста да вози следната недела на Големата награда на Германија, додека трката во Брно една недела подоцна во моментов е опција.
Следните прегледи што ќе ги има бранителот на титулата се закажани за следната недела.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Германија, на „Заксенринг“, од 11 до 13 јули.
Foto/ EPA-EFE/FAZRY ISMAIL
Спорт
Валанчунас ја прифати понудата од Панатинаикос

Литванскиот центар Јонас Валанчунас (33) во текот на денот ќе пристигне во Атина за да го финализира својот трансфер во Панатинаикос.
Кошаркарската јавност е во шок по одлуката на Валанчунас предвреме да ја напушти НБА лигата и да потпише договор со „зелените“ од Атина.
Како што објави „Баскетњуз“, Валанчунас доаѓа во Атина за да ги заврши лекарските прегледи и да финализира сè што е поврзано со неговиот трансфер во ПАО.
Тој се договори со Димитрис Јанакопулос да игра за Панатинаикос во следните три сезони и во тој период да инкасира 12 милиони евра.
Валанчунас е под договор со Денвер кој е „тежок“ 10,4 милиони долари и според сè, тие ќе го раскинат на нивна штета. Сепак со овој потег Денвер ќе отвори простор во „селери капот“.
Како и да е, ова е најголемата „бомба“ во Евролигата во летниот преоден рок во 2025 година.
Foto/ EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG
Спорт
Потпишан договорот за реконструкција на стадионот во Чаир

Општина Чаир потпиша договор со компанијата „Флуид Проект“ за реализација на проектот за реконструкција на стадионот во Чаир.
Проектот предвидува поставување на вештачка трева од најнова генерација, сертифицирана според меѓународни стандарди, како и унапредување на придружната инфраструктура, вклучително и системот за осветлување, дренажа и дополнителни елементи за безбедност и функционалност наменети за спортистите и публиката.
Градежните активности се очекува да траат од 45 до 60 дена, со цел стадионот да биде подготвен за претстојната спортска сезона и да обезбеди современи и безбедни услови за младите и спортските клубови што делуваат на територија на Општина Чаир.