Спорт
Ван Перси ќе го предводи Херенвен
Робин Ван Перси е назначен за шеф на стручниот штаб на Херенвен, соопшти холандскиот клуб.
Ван Перси (47) е најдобриот стрелец во Историјата на овој клуб. Тој со Херенвен потпиша двегодишен договор.
Инаку, ова му е прво работно место на кое ќе работи како главен тренер, а претходно работеше како советник, специјалист и тренер на младинците во Феенорд.
„Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, а јас ја работам со голема страст и задоволство. Би сакал да продолжам да се развивам во таа насока, а работата главен тренер е идеална можност за тоа. Презадоволен сум од тоа и благодарен за шансата што ми ја даде Херенвен. Тоа е многу убав клуб со богата традиција и верни навивачи. „Фантастичен предизвик е да се придонесе за спортските амбиции и развојот на клубот“, рече Ван Перси.
Ван Перси имаше извонредна кариера во која ги носеше дресовите на Феенорд, Арсенал, Манчестер јунајтед и Фенербахче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Раул го напушта Реал на крајот од сезоната
Раул Гонзалес на крајот од сезоната ќе го напушти кормилото на третолигашот Реал Мадрид Кастиља. Одлуката ја донеле клупските челници кои соопштија дека на местото на Раул ќе дојде Алваро Арбелоа, предводникот на младинскиот тим на Реал.
Раул на кормилото на Реал Мадрид Кастиља се наоѓа во изминатите шест години.
Одлуката која ја донесоа клупските челници не значи и дека Раул ќе го напушти Реал, иако тој одамна имаше понуди да го напушти Мадрид.
Медиумите шпекулираат дека ќе му биде понудено да стане дел од стручниот штаб на Карло Анчелоти, со кого има одлична соработка.
Втората можност е да прифати да работи во академијата на Реал, во која веќе се Сантијаго Солари и Ману Фернандеш.
Спорт
Шок во Панатинаикос по смртта на Балдок
Фудбалскиот клуб Панатинаикос се огласи по ненадејната смрт на Џорџ Балдок, кој синоќа беше пронајден мртов во базенот во неговиот дом во Атина.
„Шокирани сме, шокирани сме од загубата на нашиот Џорџ. Семејството на Панатинаикос го оплакува поради оваа неочекувана загуба. Ние сме со семејството и роднините на Џорџ Балдок“, стои во пораката на Панатинаикос.
Полицијата на лице место не констатирала повреди на телото на фудбалерот, чие тело било пронајдено неколку часа по смртта.
Летово тој му се приклучи на Панатинаикос со кој потпиша тригодишен договор.
Полицијата засега нема излезе со информации околу смертта на фудбалерот. Ги прегледува снимките од надзорните камери за да се утврди дали Болдок бил сам кога настапила смртта. На телото немало повреди, па се претпоставува дека се удавил, но повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата и токсиколошките наоди.
Спорт
Џордан Лојд го напушти Макаби
Поразот од Монако во кој постигна 16 поени беше последниот меч што американскиот кошаркар Џордан Лојд го одигра во дресот на Макаби Тел Авив.
Поранешниот играч на Торонто Репторс, Црвена звезда, Зенит и Монако го раскина договорот со израелскиот тим веднаш по натпреварот во Франција. Лојд и неговото семејство не се чувствувале безбедно во Израел.
„Макаби Тел Авив и Џордан Лојд се договорија кошаркарот да го напушти тимот. Макаби му посакува среќа на Џордан во иднина. Во меѓувреме се враќаме во Израел. Странските кошаркари кои се враќаат за натпреварот против Нес Зион во недела се Леви Рендолф, Џејлен Хорд, Рокас Јокубаитис и Алфа Каба“, изјавија од Макаби.
За потсетување, Лојд летово го напушти Монако каде беше лидер на тимот и потпиша двегодишен договор со израелскиот тим.
Имајќи предвид дека поранешниот кошаркар на Макаби имаше многу забележителни партии на стартот од Евролигата во кои постигна 15 поени против Асвелу и еден повеќе против Монако, нема сомнеж дека бргу ќе најде нов клуб. Интересно најголем фаворит за неговиот потпис е Монако, кој неколку недели ќе биде без Фуркан Коркмаз.