Регион
Судир на два воза во Србија: има повредени
Судир меѓу возови се случил во тунел во близина на Белград. Како што пренесуваат српските медиуми се судриле патнички и товарен воз.
Според првичните информации на тамошните медиуми има повеќе повредени а повреден е и еден од кондуктерите на возовите.
Од Итната помош како што пренесува Танјуг потврдиле дека дошло до судир и дека на терен се испратени сите расположливи екипи, но се уште нема прецизни информации за бројот на повредени и нивната состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Српските цариници запреле порше, во долната облека на патничката нашле околу 60 илјади евра
Цариниците на граничниот премин Градина меѓу Бугарија и Србија во соработка со полицијата спречија патничка да прошверцува речиси 57.000 евра преку граница во долна облека која ја носела.
Случајот бил откриен кога на контролната линија на излез од државата пристигнало „порше кајен“ со странски регистарски таблички, во кое двајца патници патувале од Германија кон Турција.
Иако пријавиле само личен багаж и дозволената сума на готовина, при претресот во долната облека и градникот на сопатникот биле пронајдени 56.800 евра. Понатамошна проверка открила уште 18.000 евра во чантата на возачот.
На патниците им се вратени по 10.000 евра, сума што може да се префрли преку граница без пријавување, додека за судбината на преостанатиот износ од 54.800 евра ќе одлучува надлежниот суд, пишува српски Блиц.
Регион
Фрлила новороденче во бунар: поднесена пријава против 21-годишна мајка од Хрватска
Против мајката, која во јули минатата година го фрли своето новороденче во бунар во Перушиќ, е поднесено обвинение, извести денеска Жупаниското државно обвинителство во Карловац.
„По спроведувањето на истрага, Жупаниското државно обвинителство во Карловац поднесе обвинителен акт против хрватски државјанин пред Општинскиот суд во Госпиќ за кривично дело убиство од небрежност од член 112, став 2 од Кривичниот законик/11.
Обвинението ја товари 21-годишната, обвинета дека на 30.7.2023 година на подрачјето на општина Перушиќ поради состојба на тежок психички стрес поради бременост и породување го сторила горенаведеното кривично дело на штета на нејзиното новородено дете“, се наведува во соопштението, пренесува „Вечерњи“.
Регион
Вучиќ: На 5.800 метри забележавме албански дронови, ги извидувале позициите на српската војска
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се обрати пред медиумите во касарната „Бањица 2“ во Белград по завршувањето на седницата на проширениот колегиум на началникот на Генералштабот.
Тој предупреди дека буквално од сите правци се засилени воздушните извидувачки операции кон Србија.
Но, тој изјави дека границата не е помината. Рече дека на 5 и 20 јуни биле забележани албански беспилотни летала „Бајрактар“ како полетуваат од Ѓаковица, град во западно Косово.
Тој, како што пренесуваат медиумите во регионот, додал дека овие летала достигнале височина од речиси 5.800 метри „со намера да ги извидат позициите на српската војска“.
Коментирајќи ги заклучоците од седницата, тој рече дека се „модернизира и зголемува опремата и оружјето“, пренесува „Нова.рс“.
Тој призна дека не е задоволен од пополнувањето на единиците на српската армија „на северот на Србија, особено во Белград и Војводина“.
„Имаме многу предизвици. Во регионот се собрани големи сили, од значајни сили во земјите од регионот до огромен број членки на НАТО за кои сме убедени дека нема да бидат искористени против српскиот народ или Србија на кој било начин“, рече тој. Заклучи дека Србија мора да биде многу појасна во својата порака за одвраќање на секој потенцијален агресор.