Регион
Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/Screenshot-2024-05-17-203704.jpg)
Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале девет повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.
„Припадниците на српската полиција се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави Дачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Грција во пламен: дури 50 пожари низ земјата во последните 24 часа, издадено е важно предупредување
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-190708.jpg)
Бројот на агрошумски пожари што избувнаа во последните 24 часа низ Грција достигна 50, соопшти Противпожарната служба.
Според локалните медиуми, 41 пожар се санирани веднаш, во почетна фаза, додека противпожарната служба се уште ги решава останатите 9.
Локалните истражни служби, како и одделенијата за превенција од подметнување пожари (Д.А.Е.Е.) ги истражуваат причините за пожарот.
Противпожарната служба на Грција ги повикува сите граѓани да бидат особено внимателни и во случај на пожар, заради сопствена безбедност, да ги следат упатствата на надлежните органи.
Регион
(Видео) Страшно невреме во Словенија: силен град, ветер и дожд носеа се’ пред себе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-185925.jpg)
Над Словенија во попладневните часови се развиле две силни бури. Суперќелијата што патуваше низ централна Словенија донесе силен град, силни налети на ветер и дожд.
Во некои делови на Словенија невремето го нарушува сообраќајот и ја намалува видливоста. Од сообраќајниот информативен центар предупредуваат дека на коловозите можно е да има повеќе вода.
На возачите им се препорачува да возат внимателно и да не застануваат под надвозници или во тунели.
Според прогнозите на Агенцијата за животна средина на Република Словенија, ќе продолжи да има врнежи или невреме, особено во северната половина од земјата. На север и северозапад во вечерните и ноќните часови се уште е можно невреме, јавува Метеоинфо.
Западните и северните делови на Љубљана и околината беа зафатени од силно невреме со град и ветер. Потоа невремето се префрли над Домжал во североисточен правец.
Како што пренесуваат медиумите, некои возачи засолниште од невремето побарале под надвозникот, што е многу опасно кога има невреме, предупредува полицијата.
– За жал, при невреме на автопатот, некои неодговорни возачи сè уште ги запираат возилата во тунели, на паркинг ленти, се вртат или дури излегуваат од возилото итн. Со тоа се загрозуваат себе си и другите учесници во сообраќајот бидејќи може да дојде до застој во сообраќајот или опасни судири и сообраќајни незгоди – предупредува полицијата на несфатливото и премногу вообичаено однесување на возачите на нашите патишта.
Регион
Нов силен земјотрес во Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-175740.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во близина на Патра, во јужниот дел на Грција.
Како што е наведено на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), земјотресот бил измерен на длабочина од 13 километри, додека епицентарот бил на 9 километри југозападно од градот Гастун, односно 70 километри јужно од одморалиштето Патра.
#Earthquake (#σεισμός) possibly felt 23 sec ago in #Greece. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/CFmyNPkaZK— EMSC (@LastQuake) July 7, 2024
Засега нема информации за евентуална штета.
Потсетуваме, синоќа земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е измерен во градот Килина на Пелопонез, поточно 28 километри североисточно од островот Закинтос.