Контакт

Свет

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Објавено пред

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Според светските агенции  не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.

 

Свет

(Видео) Масовни кремирањa, се мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето се клекнати на улица и плачат

Објавено пред

Се послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Во тек се масовни кремирања и се мириса на смрт, пренесуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Во Мјанмар е на сила седумдневна национална жалост, откако досега е потврдена смртта на речиси 2.800 луѓе.

Спасувачите итно бараат преживеани во урнатините, бидејќи помина критичниот период од 72 часа по земјотресот, поради што се стравува дека бројот на загинатите може да биде многу поголем, соопшти Американскиот геолошки институт.

„Телата на оние кои загинаа во Мандалај мораа масовно да бидат кремирани“, изјави за Би-Би-Си еден студент кој живее во населбата Махаунгмјај.

20-годишната девојка, која сакаше да остане анонимна и се идентификуваше само како Ј, ја загуби својата тетка во земјотресот што минатиот петок го погоди Мјанмар. „Но, нејзиното тело беше извлечено од урнатините само два дена подоцна, на 30 март“, рече таа.

Оние кои преживеале, сепак, живеат во очај, додаде таа, нагласувајќи дека таа и нејзиното семејство едвај спијат и дека секој ден се сведоци на нови штети бидејќи тлото продолжува да се тресе.

„Видов многу луѓе, а и јас го правам тоа, како клечат на улица и гласно плачат“, рече таа.

Децата се особено погодени. „Тие не сакаат да се вратат во своите домови. Речиси сите во градот одлучија да спијат на улица додека сè не се смири. Спасувачките екипи работат без престан четири дена и мислам дека веќе се малку исцрпени. Им треба одмор. Но, поради обемот на уништувањето и недостатокот на ресурси, едноставно е тешко за хуманитарните тимови успешно да одговорат на ваква катастрофа“, рече таа.

Според новинар на Би-Би-Си, градот е целосно мрачен бидејќи нема струја и вода за пиење.

Според него, постои голем проблем во функционирањето на интернетот.

„Подоцна почувствувавме силен последователен потрес. Чувствувавме дека не е безбедно да спиеме во хотелот, па отидовме да побараме засолниште во блискиот манастир. Утрото се вративме во хотелот само за да си ги земеме куферите”, рекол новинарот на британскиот јавен сервис.

Кога утрото, како што вели, го виделе Мандалај, сфатиле дека градот е во урнатини.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Фрлени две рачни бомби врз пошта во Косово, едната експлодирала

Објавено пред

Кон зградата на Косовската пошта во Звечан, на северот на земјата, ноќеска по полноќ биле фрлени две експлозивни направи, од кои едната експлодирала, причинувајќи материјална штета, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Косовската полиција соопшти дека е активирана една рачна бомба и дека нема повредени. Експлозијата се случила 20 минути по полноќ.

„Надлежните полициски единици по пристигнувањето на местото на настанот забележале дека во објектот има уште една неексплодирана граната. Локацијата е обезбедена, додека жителите привремено се евакуирани. Специјализирана единица за ракување со експлозивни направи контролирано ја детонирала гранатата“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Прикажи повеќе...

Регион

Со пиштол напаѓал минувачи: драма во Љубљана

Објавено пред

Вооружен маж денеска нападна минувачи во центарот на Љубљана. Со пиштол во рацете притрчал до случаен минувач и барал пари. Успеал да нападне две лица од заседа, пред да дојде полицијата и да го одведе.

dobivaj vesti na viber

Како што беше соопштено, станува збор за државјанин на Словенија кој и претходно бил осуден за слични кривични дела.

„Полицијата рано утринава била известена за грабеж во центарот на Љубљана. Според првичните информации, осомничениот им се заканувал на оштетените на улица и им барал пари заканувајќи им се со пиштол. Едната од жртвите му дала помала сума пари, а потоа пеш побегнал од местото на настанот“, изјави Александра Голец, претставник на полицијата.

Во нападите нема повредени. На местото на настанот биле испратени повеќе патроли, а полицијата по наведениот опис го привела осомничениот и го привела. Кај него пронашле пиштол и украдени предмети.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

(Видео) Масовни кремирањa, се мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето се клекнати на улица и плачат

Се послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија50 минути

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...

Македонија2 часа

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во...

Македонија2 часа

Над 340.000 пензионери во државата од денес ќе добиваат за 2.500 денари повисоки пензии

Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2.500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на...

Регион2 часа

(Видео) Грција ја зафати невидено невреме, уништени омилените туристички места

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во оваа земја. Некои од најубавите...

Македонија3 часа

„Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски“, прашува СДСМ

„Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се...

Свет4 часа

Нема знаци за живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град...

Свет4 часа

Првото патување на Трамп ќе биде во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да ја посети Саудиска Арабија уште во мај за да потпише инвестициски...

Свет5 часа

(Видео) Кина одржува воени вежби околу Тајван, објави анимација: „Паразитот го труе островот“

Кина го распореди својот носач на авиони Шандонг и други бродови околу Тајван, објави денеска тајванското Министерство за одбрана, додека...

Регион6 часа

(Видео) Додик се огласи по неколкудневен молк: Пристигнав во Москва

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по кој трагаат правосудните органи и полициските агенции во Босна и Херцеговина, вчера вечер...

Спорт16 часа

ФФМ најави дисциплинска постапка за натреварот во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот...

Спорт17 часа

(Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија...

Македонија21 час

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и...

Свет23 часа

Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ фондови

Францускиот суд донесе пресуда против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир (РН), прогласувајќи ја...

Македонија1 ден

Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат претстава...

Свет1 ден

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост....

Македонија1 ден

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските...

Свет1 ден

Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе. Спасувачките тимови се обидуваат...