Спорт
(Видео) Епска катастрофа на Денвер од +20 до елиминација од Минесота
Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Минесота Тимбервулфс со 98:90 во мајсторката за пласман во финалето во Западната конференција. Минестоа во финалната серија која ќе започне во четврток ќе игра против Далас Маверикас.
Актуелните шампиони загубија и покрај тоа што на стартот од вториот дел имаа предност од 20 поени (58:38), но потоа следеше епски колапс на Нагетс.
Минесота успеа да го направи најголемиот пресврт во историјата на мајсторките и заслужено се пласираше во финалето.
На почетокот на четвртата четвртина Минесота целосно ја презеде контролата врз играта, Нагетс не можеа да затворат ништо, а гостите постојано ја одржуваа предноста.
Руди Гобер се истакна,а одличен придонес дадоа и Таунс, Гобер, МекДаниелс, Конли, Едвардс.
Никола Јокиќ имаше 34 поени, 19 скока и седум асистенции, но интересно само две асистенции во вториот дел. Погоди за 13-28 од поле.
Го следеше Мареј со 35 поени, а останатите потфрлија. Портер постигна седум поени, Поуп пет, а Гордон четири. Неверојатен е податокот дека резервите на Денвер постигнаа само пет поени.
Минесота до победата ја предводеа МекДаниелс и Таунс со по 23 поени, Едвардс постигна 16, Гобер 13.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Трамп ја доби наградата за мир на ФИФА
Најдобрите фудбалски репрезентации во светот наскоро ќе ги дознаат своите противници на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Македонија има шанса преку европскиот бараж да избори место на планетарната смотра.
Најголемата глобална фудбалска смотра е закажана од 11 јуни до 19 јули 2026 година, а 16 градови од трите споменати северноамерикански држави ќе имаат статус на домаќини.
Ова ќе биде прво издание во проширен формат во кое ќе учествуваат 48 репрезентации, наместо 32 учесници што беа присутни на претходните првенства. Натпреварувањето ќе вклучува 16 групи од по три, од кои двете најдобри репрезентации ќе се пласираат во 1/16 финалето.
Легендарниот италијански тенор Андреа Бочели ја отвори свешената церемоија, а потоа на сцената излегоа водителите на церемонијата, Хајди Клум и Кевин Харт.
По нив, зборуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој потоа на американскиот претседател Доналд Трамп, ФИФА официјално му ја додели нововоспоставената Награда за мир.
Меѓу објаснувањата беше и тврдењето дека Трамп е главен фактор во наводното помирување на Израел и Палестина, како и на Србија и Косово.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Вардар без пораз до есенската круна
Вардар по пауза од шест години ја освои есенската титула во домашниот шампионат. Првото место, црвено-црните го обезбедија со победата над Македонија ЃП. Веднаш зад Вардар, со бод помалку, есенскиот дел го заврши Струга Трим Лум.
Фудбалерите на Вардар, по пресврт, славеа победа на гостувањето кај Македонија ЃП. Вардар победи со 2:1, со головите на Омерагиќ во 63-та и 66-та минута, откако екипата од Ѓорче Петров водеше со голот на Есупињан вод 54-та минута.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v70g5q4″,”div”:”rumble_v70g5q4″});
Вардар во 16 натпревари освои 42 бода, забележа 13 победи и три пати одигра нерешено. Македонија ЃП, со 15 поени се наоѓа на деветото место, во зависност од резултатот на Пелистер, може да назадува една позиција.
Струга, 13-та победа во есенскиот дел од сезоната ја забележа во Кавадарци, против Тиквеш. Голот вреден три бода го постигна Хамза во 36-та минута.
Табела:

Спорт
Нов скандал во Лион: Фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра
Олимпик Лион повторно се поврзува со скандалозна афера. Како што објавија француските медиуми, станува збор за проневера, која се случила во периодот кога клубот го водеше Џон Текстор. Наводно, откриени се фиктивни трансфери вредни повеќе од 120 милиони евра.
Во последните неколку дена, Олимпик Лион контактираше со неколку компании кои ги купија долговите на Ботафого, кој исто така е во сопственост на Текстор, барајќи исплата на пари за трансфери на играчи кои никогаш не пристигнале во Франција.
Француските медиуми објавуваат дека меѓу тие играчи се споменуваат Луис Енрике, Игор Жесус и Саварињо. Според достапната документација, тие играчи требало да бидат дел од внатрешни трансфери во рамките на групацијата „Игл“.
Целиот скандал излезе во јавноста со протекување на преписка која на прв поглед не изгледа безопасна. Анализата покажа дека документите всушност кријат сериозни финансиски проблеми за францускиот клуб.
Лион едвај избегна испаѓање во втората лига минатата година. Откако беше поднесена жалба, казната на Лион беше намалена, а клубот се обврза да работи штедливо и рационално. Сега старите проблеми се враќаат како бумеранг, секако во најлош можен момент за клуб кој се обидува финансиски да се стабилизира и да ја врати довербата на навивачите.
„Лекип“, тврди дека оваа документација покажува наводни трансфери иако никогаш не била идеја овие играчи да играат за Лион. Главното прашање е дали станува збор за случајна грешка, недоразбирање или многу свесна намера и проневера?
Како што е наведено, во оваа скандалозна приказна се вклучени и трети страни. Компаниите што ги купија долговите на Ботафого ги сакаат своите пари, а Лион сè уште официјално молчи.
Стручњаци од Франција веруваат дека ова би можело да се претвори во еден од најголемите финансиско-административни скандали во поновата историја на европскиот фудбал. И тоа не само затоа што станува збор за огромна сума пари, туку и поради сложеноста на водењето бизнис во една сопственичка структура.
Foto/ EPA

